X
 14.05.2016 Култура

Страшните книги на кои се базирани најпознатите детски филмови

Како деца, дури и детските филмови понекогаш ни биле страшни, барем во некои делови. Но, вистината е дека некои детски приказни, поточно филмови, всушност раскажуваат дејствија кои се појавиле како книги за возрасни

„Big Hero 6“ (2014)

Ова е детски филм во кој уживаат и возрасните. Приказната на филмот била преземана од стрип. Најпознатиот лик во филмот во оригиналниот стрип е робот создаден од мртвиот татко на протагонистот.

„Who framed Roger Rabbit“ (1988)

Ова е уште еден класичен детски филм кој потекнува од филм наречен „Who censored Roger Rabbit?“ од 1981 година. Во овој филм има убиства, сексуални сцени, расизам и имиграциски метафори, корупциски договори, па дури и порнографски делови.

„Watership down“ (1978)

Романот на Ричард Адамс од 1972 година покажал дека животните кои зборуваат секогаш не се најдобри за децата. Авторот признал дека приказната била инспирирана од битките во кои учествувал за време на Втората светска војна.

Анимираните класици на „Дизни“

Старите бајки имале цел да ги исплашат децата за да се однесуваат добро. Така, во оригиналната приказна за „Пепелашка“, нејзините полусестри ги сечат своите палци за да влезат во стакленото чевличе. Доколку ја прочитате оригиналната приказна за „Малата сирена“, ќе сфатите дека Ханс Кристијан Андерсен, впрочем, напишал приказна за сирена излегува од морето со огромни болки поради човечките нозе и секогаш се враќа назад во морето во очај.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура