X
 08.09.2016 Живот

Италијанец добил сметка за струја од 65.000 евра

Сметките за електрична енергија секогаш повеќе ни го задржуваат вниманието. Колку сте истрошиле претходниот месец? Дали сте ја користеле повеќе евтината електрична енергија? Дали имате заостанати сметки? Добро е ако долговите ги подмирувате на време. Ако не, можно е да доживеете шок од истите по одредено време.

сметка за електрична енергија


Даниел Камети Аспри треба да плати 65.000 евра заостанат долг сподед компанијата за електрична енергија, што би значело дека би платил за изминатите десет години. Тој тврди дека секогаш редовно ги плаќал сметките.  На социјалната мрежа Фејсбук објавил слика со огромна сметка – зголемена копија од оригиналот на која сумата добро се гледа.

„Јас сум очаен, викав, одеднаш мојот живот и моето семејство ги видов разнишани,“ извикал тој.

Од компанијата изјавиле дека ја потврдуваат точноста на пресметката во однос на потрошувачката на господинот и дека корисникот има право да се спротивстави или да го плати износот на рати.  „Дополнително ќе се утврди како се стигнало до таа сума“ – изјавиле од компанијата.

Аспри рекол дека нема да прифати да плати. Тој веќе контактирал и адвокат за заедно да ја водат битката. Во случај тоа да не успее, тој имал и втор план: тој на фесбук разгласил за кампања за финансиски донации. Така планира да собере пари за сметката за струја.

Дали вие редовно ги подмирувате долговите? Чувајте и физички докази за платените сметки за да не бидете непријатно изненадени на ваков или сличен начин.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот