Хотелот
Арбез е лоциран врз граничната линија помеѓу Шварцарија и Франција, бидејќи е изграден пред последното разграничување меѓу овие две држави.
Вообичаено е хотелите да поседуваат своја адреса во одредена држава. Но, овој хотел е уникатен, бидејќи е лоциран на територија на две држави. Така, со престојувањето во истиот, ќе можете да се пофалите дека сте преноќиле во две држави истовремено.
Имено, хотелот
Арбез ја пресекува границата помеѓу Швајцарија и Франција бидејќи е изграден пред одредувањето на новата гранична линија, во 19 век, како резултат од мировниот договор во 1862 година, потпишан од двете држави. Непосредно пред тоа, еден локален бизнисмен изградил зграда која од француската страна ќе биде кафуле, а од швајцарската – продавница. И тоа траеше сè до 1921 година, кога зградата ја купил Јозеф Арбез и ја пренаменил во хотел.
Иако хотелот
Арбез поседува само две ѕвездички, вреди да се престојува во него макар и на една ноќ. Само што ќе се сместите, веднаш ќе можете да ги менувате државите по сопствен избор. Ваш е изборот дали ќе ја преспиете ноќта со главата во Франција, а нозете во Швајцарија или обратно. Секако, треба да се има предвид дека во текот на престојот ќе можете да ги вкусите и специјалитетите на двете кујни.