Луѓето се здружуваат во борбата против коронавирусот, а во оваа битка учествува и најстариот лекар во Франција, кој оваа година треба да наполни 99 години.
Доктор Кристијан Шeне работи како лекар веќе 70 години. Неговата мисија е да им помага на луѓето што живеат во „заборавените“ предградија на Париз, пренесува „Ал Џезира“. За Шeне, работата со
заразни болести не е новост. Според „Ројтерс“, тој работел со пациенти заразени со тифус во текот на Втората светска војна.
Тој останал на работа дури и подолго од неговиот син, кој се пензионирал на 67-годишна возраст. Недостигот на лекари во Франција е една од причините поради кои Шeне одлучил да продолжи со работа.
Фото: Youtube
- Имам речиси 99 години, треба да ја намалам активноста поради многу причини. Работам побавно од порано, треба да внимавам - вели лекарот.
Зборувајќи за пандемијата на коронавирусот, Шeне вели дека лекарите се чувствуваат немоќни бидејќи им е потребен третман за болеста.
- Бев во контакт со повеќе болни луѓе што веројатно беа позитивни на коронавирусот. Би ме изненадило доколку и јас не сум се заразил, особено бидејќи ги имав симптомите одреден период - додава тој.
Кога тој почнал да ги забележува симптомите на коронавирусот, морал да ја донесе тешката одлука да престане со прегледите. Сега веќе не се наоѓа во карантин и одржува виртуелни прегледи.
Автор: Меган Вреј
Извор:
globalnews.ca