X
 17.09.2016 Живот

Интелигенцијата игра голема улога во тоа дали сте добар шахист

Можете да постигнете се ако го насочите вашиот ум да размислува на тој начин. Но излегува дека тоа не важи кога треба да се примени во практиката да станете шаховски велемајстор. Нова студија објавена во списанието “Intelligence“ укажува на тоа дека когнитивните способности се едни од најважните фактори што им овозможуваат на луѓето да станат добри шахисти. 

Тоа би можело да звучи прилично очигледно, но психолозите веќе долго време дебатираа околу улогата на вештините наспроти основната интелигенција, многу слична на познатата дебата за  "вродено наспроти стекнато". Ова ново истражување може да биде клучен пион во таа дискусија.


шах


Истражувачите од Државниот Универзитет во Мичиген извршиле мета-анализа од 2.300 академски статии за шаховски вештини, особено оние во кои се вклучени целни вештини за шах - како што е “Elo rating“ и уделот на когнитивните способности. Оваа анализа ја подели интелигенцијата во одделни видови, како на пример: разбирање, знаење, краткорочна меморија, брзина на обработка, нумерички способности, способноста за интерпретирање на визуелните информации, вербална способност и лесното расудување.

"Шахот е веројатно единствениот најпрочуен домен за истражување на експертиза, но доказите за односот помеѓу шаховските вештини и когнитивната способност, често се мешаат"- вели водечкиот автор, Александар Бургојне.

Бургојне додава: "Анализиравме вредни истружувања што биле правени во период од половина век за интелигенцијата и шаховските вештини и откривме дека когнитивните способности придонесуваат значително за индивидуалните разлики меѓу играчите на шах".

Студијата покажа дека шаховските вештини се во корелација на  "позитивно и значително", со најголем дел од мерата на когнитивните способности. Еден од најпознатите значителни корелации била нумеричката способност, која е многу посилна врска од вербална способност или способноста да се идентификуваат визуелни и просторни односи.

Високо когнитивната способност е особено важна за младите шахисти или невештите и шахистите кои се пониско рангирани, но сепак и праксата може да игра значајна улога. Особено кај високо квалификуваните играчи, разликата во интелигенција станала помала, што укажува на тоа дека обучените вештини мора да играат исто така значаен фактор.

“Кога станува збор за експертиза, обука и пракса, секако сето тоа е дел од сложувалката. Но, оваа студија покажува дека, за шах во најмала рака, интелигенцијата е уште еден дел од сложувалката."- вели Зак Хамбрик, универзитетски професор по психологија во Државниот Универзитет во Мичиген.

Тој додава: "Замислете дека гениј може да стане квалификуван шахист релативно лесно, додека на личноста со просечна интелигенција може да му треба подолго време. Значи идејата е, како што практикувате повеќе и како што развивате повеќе вештини и знаења во врска со играта, ќе бидете во можност да ги заобиколите ограничувањата и когнитивните способности. "
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот