X
 20.02.2022 Наука

Ова се особините што ја откриваат интелигенцијата кај човек

Луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто прифаќаат двосмисленост и нејаснотија, открива истражување кое наведува и три други клучни карактеристики на поинтелигентните луѓе.

Многу проблеми во животот немаат дефинитивен одговор - а интелигентните луѓе полесно се справуваат со тоа. Затоа поинтелигентните луѓе можат да носат подобри одлуки, бидејќи имаат способност да прифатат дека светот не е црно-бел, откриваат истражувачите.

Други вообичаени знаци на висок коефициент на интелигенција се совесност, преземање ризик и љубопитност. Луѓето што се совесни се повнимателни, поефикасни, самодисциплинирани и се стремат кон постигнувања.

Интелигентните луѓе имаат поголема веројатност да имаат особини од типот А, кои се поврзани со конкурентноста и преземањето ризик.

Љубопитноста открива висока интелигенција


Љубопитноста е поврзана и со високата интелигенција. Луѓето што се љубопитни поставуваат многу прашања, бараат изненадувања и наоѓаат време за нови идеи.

Истражувањето опфатило 820 луѓе, чија интелигенција и личност биле измерени. Резултатите покажале дека четири фактори на личноста се поврзани со интелигенцијата. Способноста да се справите со неизвесноста е особено силен знак за висока интелигенција, пишуваат авторите.

Една особина најмоќно ја открива интелигенцијата

Ова истражување покажа дека повеќекратните мерки на интелигенција предвидуваат поголема толеранција за несигурност.

- Претходните истражувања покажаа дека попаметните лица полесно се приспособуваат и ги проценуваат променливите работни задачи, што доведува до поголема точност во донесувањето одлуки - велат истражувачите.

Љубопитните луѓе, исто така, имале повисок коефициент на интелигенција, покажало истражувањето.

- Се претпоставуваше дека љубопитноста - обележана со голема отвореност, креативност, имагинација и когнитивна сложеност - е поврзана со повисок коефициент на интелигенција - заклучуваат тие.

Извор: Spring.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука