X
 19.09.2016 Живот

Почина најпознатиот егзорцист

Најпознатиот егзорцист Габриеле  Аморт почина во 91 година од својот живот во Рим. Роден во Модена 1925 година, станал свештеник во 1951-та, а во 1985 кардиналот Уго Полети го именувал за егзорцист на римската бискупија. Аморт има добиено и одликување – медал на ослободувањето, заради учество во партизанскиот одред во регионот Емилији во текот на Втората светска војна.  Хрватскиот новинар Силвије Томашевиќ имал прилика да разговара со свештеникот, па го замолил да ја објасни својата изјава дека „ Ѓаволот е и во Ватикан“.

Тој одговорил дека Ѓаволот се обидува да наведе на искушение таму каде шшто постои врв, па така и во Ватикан, потоа таму каде што е врвот на политиката, врвот на индустријата. Доколку еден  свештеник  падне во искушение тогаш тој со себе повлекува и други лица. Така што, Ѓаволот се обидува да наведе на искушение онаму каде што може да добие поголеми резултати.

 

 

 

Прашање : Сте рекле дека и Хитлер бил опседнат од ѓаволот, дека диктаторите се опседнати со ѓаволот. Ги вбројувате меѓу нив и Тито или Милошевиќ?

Аморт : Единствен судија е Господ. Црквата никогаш нема да каже дека некоја личност завршила во пеколот, затоа што за тоа може да одлучува само Господ. Но, има личности кои покажале толку многу злоба, можеби меѓу нив не спаѓа Тито кој луѓето и го сакаа, колку на пример Сталин, кој како што се тврди е одговорен за смрт на 10-15 милиони лица. Или Хитлер, доволно е само да се помисли на концентрационите логори. Тие луѓе покажале толкава пефидност шо човек не може да замисли дека не завршиле во пеколот. Но, за тоа секако нема да биде објавено официјално соопштение.

Кога Аморт бил прашан  што е тоа егзорцизам, тој одговорил дека тоа е „службена молитва на Црквата, и има поголема сила од едноставната и индивидуалната молитва, за луѓето да се ослободат од слите духови или нивното влијание. Треба да се биде свесен за таа разлика, односно дали некој личност е навистина опседната или пак е изложена на зли духови, што знае да биде и честа појава, рекол Аморт.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот