На познатите лица што Форбс секоја година ги става на листата на најдобро платени личности во светот, не им било отсекогаш ниту приближно лесно како денес. За да стигнат до таму каде што се, многумина од нив биле келнери, маскоти, хигиеничари, а некои работеле и на гробишта, каде ги заработувале своите први плати и хонорари.
Знаејќи колку треба едно лице да се промовира и да почне да го гради својот пат кон ѕвездите,
Скопје сити мол за својот
четврти роденден организира City Mall магазин-корнер, каде на сите со скриени таленти, желба за фотографирање, страст кон модата, љубов кон објективот и копнеж за слава им обозможува да се борат за престижната титула - Лице на насловната страница на зимскиот број на
City Mall магазинот.
На 1 октовмри од 10 до 24 часот на влезот во Скопје сити мол, кај Плеј-кафе, сите момци и девојки ќе можат да се фотографираат и да бидат избрани за лице на City Mall магазинот. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.
„Ги поканувам сите што имаат афинитети кон модната индустрија и сакаат да се најдат на насловната страница на зимското издание на City Mall магазинот да дојдат и да се фотографираат. Можеби ова ќе им го овозможи тригерот што им недостасува и еден ден ќе се вивнат далеку во модниот свет“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.
На настанот ќе ги пречека и убавата Мартина Михајловска, што го краси роденденското издание на City Mall магазинот, а сите фотографии од посетителите секои два часа ќе се постираат на ФБ Фан страната на Скопје сити мол -
https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/