X
 30.08.2016 Образование

Најдобрите идеи за одличен почеток на училишната година

За сите мали принцези и големи јунаци дојде време за враќање во училишните клупи. Побогати за целодневна забава на плажа и бескрајни игри со другарчињата, училишните предизвици што следуваат ќе бидат исто толку забавни како и летната уживанција. Особено за првачињата.




Првите училишни денови за децата будат најразлични чувства, кои често ги преживуваат и родителите. Но има начин како таа голема промена да остане убаво и среќно сеќавање.

Почетокот на училиштето бара голема посветеност во изборот на училишна опрема, додатоци и други есенцијални нешта за секоја возраст и за секое одделение. За родителите е важно да им обезбедат на своите деца сè што ќе им треба за да бидат подготвени и организирани.
Но да се најде соодветната опрема не е секогаш лесно, особено што потребите, желбите и можностите често се поинакви од она што го посакуваме.  

Скопје сити мол ја разбира огромната желба на родителите да им го овозможат најдоброто на своите најмили во овој период од годината, во кој им треба поддршка и внимание за лесно и безгрижно да ја почнат училишната година.



„За возбудените првачиња и нивните уште повозбудени родители, но и за сите ученици, креиравме голема училишна промоција „Колку грепки, толку петки“ со многу настани, подароци, активности и изненадувања, но и со огромен избор на училишна опрема, прибор, дополнителни реквизити и помошен материјал и фантастичен избор на гардероба што ќе им го разубави секојдневието. Дојдете во Скопје сити мол и уживајте во креирањето на новиот шарен училиштен свет за своите малечки“, изјави Дарко Панчевски од Скопје сити мол.  

Со секое пазарување над 1.000 денари во продавниците што учествуваат во кампањата ќе може да ја приложат фискалната сметка на промотивниот пулт и да добијат грепка. Секоја грепка е добитна грепка, во која се кријат многу подароци и изненадувања; плејстејшн 4, велосипеди, ваучери од книжарницата Икона, училишни ранци, несесери и училишни комплети. Децата ќе можат да уживаат во креирањето на својот нов, забавен училиштен живот, да одбираат училишна опрема со омилените бои, ликови и дезени, но и да се забавуваат за време на викендите во еду-корнерите од 12 до 14 и од 19 до 21 часот, каде што ќе прават научни експерименти и ќе пробаат многу иновативни трикови.



Дополнително, од 1 до 4 септември, сите пресреќни родители што сакаат да го овековечат почетокот на оваа училишна година и да го израдуваат своето прваче, креирајќи незаборавен спомен од таа првосептемвриска еуфорија, ќе имаат можност да го посетат фотокорнерот „И јас сум прваче“, создаден токму за нив.

Скопје сити мол и оваа година ги овозможува најдобрите идеи за одличен почеток на училишната година, охрабрувајќи ги потрошувачите да ја бараат најдобрата вредност за своите пари и да уживаат во одличниот амбиент и во најголемиот асортиман на училишна опрема во градот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование