Денес е петок, 7 октомври 2016 година, 281-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:32, а ќе зајде во 18:08 часот. Денот ќе трае 11 часа и 36
минути.
Во утринските часови имаме умерено облачно време со повремени сончеви
периоди особено во источните предели, додека пак во северните и
западните предели зголемена облачност која ќе се проширува во останатите
предели.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утрински часови ќе биде умерено
облачно со сончеви периоди, претпладне под влијание на Медитерански
циклон продор на нестабилна воздушна маса од запад која во попладневните
и во вечерните часови ќе донесат поинтензивни врнежи од дожд кои ќе
бидат проследени со засилен ветер. Локално во западните, северните и
североисточните предели се очекуваат да наврнат и до 25 литри дожд. Ќе
дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од
2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат
до 10 односно до 20 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови ќе биде умерено облачно со
услови за сончеви периоди. Во претпладневните часови зголемување на
облачноста која што попладне и навечер ке донесе врнежи од дожд. Ќе дува
доумерен јужен ветер. Утринската температура од 8 степени, а
максималната дневна до 16 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со
повремени сончеви периоди. Максималните температури од 11 до 21 степени.
Во недела претежно сончево со локална облачност и потопло време со
максимални температури кои ќе достигнат од 15 до 25 степени. Во
понеделник и вторник нова дестабилизација на времето и се очекува
умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд со дневни
температури кои ќе достигнат од 13 до 23 степени во понеделник, односно
од 10 до 20 степени во вторник.
Weather4all