X
 15.11.2016 Економија

Што значи да си пензионер во Германија?

Германија е синоним за добра економија и е пример за економски стабилна држава за другите земји во светот. Ова ја опфаќа и состојбата со пензиите, за кои често од страна се претпоставува дека се неверојатно високи или пак, дека пензионерите имаат бројни други бенефиции. Која е фактичката ситуација?

пензионери


Според моменталните статистики на пензиското осигурување, „стандардната“ месечна пензија таму изнесува 1200 евра. Иако ова звучи како сосема доволно, стручњаците предупредуваат дека ова е пензија на работник со 45 години работен стаж, кој ги исполнува условите за старосна пензија и кој заработувал просечна германска плата (која во моментов е околу 2700 евра). Но, што станува со оние што не исполнуваат дел од овие услови?

Со просечна пензија се живее сиромашно

Во просек германските пензионери добиваат околу 800 евра месечна пензија, а во Германија домаќинствата со едно лице и примања под 900 евра се сметаат за сиромашни. Ако се работи за пар без деца, границата е на 1300 евра, а за домаќинства со деца, овој износ е од 1900 до 2000 евра. Исто така, многу е тешко да се предвиди пензијата во текот на периодот кога индивидуата е во работен однос од едноставна причина што може да се изгуби работата или да се промени износот што се заработува.

На идните пензионери лошо им се пишува

Многу е важен и односот кон просечната пензија и просечната плата како и висината на придонесите што се плаќаат на фондот. Според нив просечните пензии не растат како просечните плати и тоа со огромна разлика, а за сметка на ова, расте висината на придонесите. Истовремено се зголемува јазолот меѓу оние кои заработуваат многу и оние кои имаат многу мали примања. Неодамнешен извештај покажал и дека Германците во пензија заработуваат и „на страна“ затоа што кај просечните двојки вкупните месечни приходи изнесувале над 2500 евра, а кај самците од 1400 до 1600 евра.

Стравот од сиромаштија во староста е популарна тема во последно време затоа што сé повеќе статистиките покажуваат дека најсиромашни се токму припадниците на оваа група. Во моментов, според агенцијата за статистики Еуростат 5,5 милиони луѓе во Германија кои се постари од 55 години се загрозени од сиромаштија и социјална изолација, а оваа бројка во 2004 година била 4,5 милиони. Норвешка и Холандија може да се пофалат со многу помали бројки во овој дел.

Споредено со македонските пензии овие бројки изгледаат големи, но да се живее во Германија подразбира и соодветно, поголеми трошоци за живот.
Подготвил: М.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија