Еден пензионер имал среќа и ја добил главната премија на хрватската лотарија. Среќниот добитник доаѓа од околината на Крижевци, а во играта „Сѐ или ништо“ освоил речиси 80.000 евра.
Добивката ја подигнал минатата недела на благајната на хрватската лотарија и открил дека не погодил ниедна бројка.
Броевите ги одбирал по случаен избор, односно со опцијата „брз избор“, а во опцијата „сѐ или ништо“ избрал ништо, но сепак освоил голема награда.
Вели дека големото ништо му донело победа, но и дека не бил баш среќен кога сфатил дека не погодил ни еден број.
- Морам да признам дека бев прилично разочаран кога видов дека не погодив ниту еден број, но како и сите добитници, повеќе пати го проверував ливчето, а потоа правилата на играта. Тогаш сфатив дека го освоив џек-потот. Големото ништо ми донесе голема награда - вели пензионерот.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: Pixabay