X
 25.11.2016 Образование

Зошто строгите професори се најдобри ментори?

Секој факултет си има свои најстроги професори за кои се раскажуваат приказни. Приказните се пренесуваат од колено на колено, од генерација во генерација, и покрај тоа што озогласените професори одат во пензија.

 

професори


Студентите најчесто ги избегнуваат, контактираат со нив само толку колку што е потребно за да добијат потпис и да го положат испитот, а често не се ни трудат да проверат дали се навистина толку лоши колку што сите зборуваат.

Да се разбереме, овде не мислиме на професори кои се лоши предавачи, кои не се однесуваат професионално, ја кршат професорската етика и не поседуваат никакви педагошки методи на подучувања бидејќи за жал има и такви. Мислиме на оние кои најчесто спаѓаат во категоријата „строги, но праведни“.

Постојат многу причини зошто би требало да се избере баш таков професор. Без разлика дали се работи за менторство за изработка на дипломска работа или некоја друга причина, обидете се да се зближите со ваков професор бидејќи постојат неколку причини за тоа.

Секогаш ќе имаат време за вас

Можеби е малку смешно, но строгите професори немаат многу студенти кои ги избрале за ментори за дипломски, магистерски или докторски труд. Поради тоа имаат доволно време да ви се посветат и да ви помогнат во реализација на вашата работа или проект.

Ќе ве мотивираат да бидете подобри и поуспешни


Строгиот професор нема да ви прогледа низ прсти туку од вас ќе го очекува максимумот во се'. Ова можеби ќе ви звучи лошо, но во еден момент ќе сфатите дека тоа е одлична работа.

Ќе предизвикате чудење и завист меѓу колегите


Ок, можеби ова не е академски но е забавно. Замислете кога ќе ве прашаат кај кој професор сте пријавиле дипломски труд, а вие го кажете презимето на „факултетската бабарога“. Колегите ќе бидат збунети, некои ќе се чудат, а други ќе бидат љубоморни бидејќи сте успеале кај овој професор да имате одлична оценка и згора на тоа, да браните дипломска.

Вмрежување


Ако научите да работите сериозно, сериозно да пишувате и сериозно да пристапувате на вашите студентски обврски и да го положите тестот на најстрогиот професор, бидете сигурни дека полесно ќе се поврзите со другите експерти кои се занимаваат во истото поле.

Строгите професори често имаат завидна репутација меѓу колегите, а ако се докажете кај нив, тогаш ќе ви доверат задачи кои можеби не им ги нудат на другите студенти.

Строгите професори се одличен избор за студентите кои се подготвени да работат многу, да учат уште повеќе и да реализираат најдобри резултати во текот на студирањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование