X
 06.07.2020 Образование

Студирај дома, студирај безбедно, студирај на УКЛО: Факултет за туризам и угостителство - Охрид

„Не пропуштајте да студирате на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и да се стекнете со диплома која е призната насекаде во светот“ е еден од слоганите со кои ФТУ го свртува вниманието кон себе и привлекува нови студенти за академската 2020/2021 година, јубилејна за оваа институција.

Посветен на највисоките образовни принципи, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (ФТУ) ги запознава кандидатите со дел од предностите со кои располага за да се запишат и да студираат на овој факултет. Притоа, посебно се потенцираат: целосната имплементација на Болоњската декларација, диплома со академски степен (Bachelor), студирање по Европски кредит-трансфер систем (ЕКТС), меѓународна мобилност во наставниот процес, стипендии за најдобрите студенти, можност за студирање на рати.

1

Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, проф. д-р Цветко Андреески, нагласува дека со вклученост на сите вработени на студентите им се обезбедува квалитетно образование со кое се јакнат интелектуалните и професионални вештини во услови на силна глобална конкуренција. Во пораката до новите студенти зошто да го изберат ФТУ, од оваа единица велат дека обезбедуваат стимулативно работно опкружување кое поттикнува инвентивност и образовна извонредност. Бидејќи Факултетот остварува креативни партнерства со економијата, јавниот сектор и други граѓански и општествени субјекти, на студентите им се нуди можност да се профилираат како активни и креативни чинители во согласност со принципите на етиката и социјалната одговорност кои во овие современи и видоизменети услови на живеење се исклучително важни.

2

Во рамките на Конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2020/2021 година на УКЛО, ФТУ нуди академски студии за: Туризам, Осигурување, Царина и шпедиција, Менаџмент во услужен сектор со профилите: Финансиски менаџмент, Промотивен менаџмент, Менаџмент во култура, Логистички менаџмент како и студиските програми: Гастрономија, Хотелско-ресторански менаџмент, изготвени врз основа на анализа на сродни студиски програми во врвни универзитети во светот.

За изведување на наставата на студиските програми од прв циклус на студии факултетот располага со наставнички кадар од близу 40 доктори на науки, а за потребите на наставата факултетот ангажира и дополнителен број наставници во соодветни области, како и експерти од стопанството во делот на практичната и клиничката настава.

turizam

Во насока на доближување до потенцијалните студенти, од ФТУ ги истакнуваат и разликите што го издвојуваат од другите и претставуваат своевидна конкурентска предност. Меѓу позначајните секако е и тоа што ФТУ, сместен во градот на Словенскиот универзитет, има своја традиција од пет децении. Факултетот за туризам и угостителство нуди извонредни услови за стекнување адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом „Никола Карев“ се можност која ретко кој друг факултет може да им даде на своите студенти.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование