„Фчерашни новости“ ексклузивно го пренесуваше митингот на најголемата партија во Македонија, а во втората епизода со нас повторно беше Климе Охридски, лидерот на Неопределените.
Неговиот лик и дело отсега може да ги следите и на неговата официјална страница на „Фејсбук“:
Подоцна, нашите специјални гости, Драган Градулович и Мирко Паркобранец, имаа одлична дебата за „Урбаната VS неурбаната мафија“ .
Ги анализиравме и спотовите на останатите партии за претстојните избори, а и овој пат се вклучивме во живо од дијаспората.
Се на се, подгответе се за 30 минути на одличен хумор и сатира во епизодата број 2, која веќе може да се погледне на „Јутјуб“:
Следната епизода на „Фчерашни новости“ ќе може да ја гледате на истото место, „Телма телевизија“, во истото време - во недела во 19:10 часот.