X
 18.04.2017 Забава

Ексклузивно во ФН: Новото македонско Министерство, Министерството за спонтани работи

Партијата СДСМ и граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ си ги измерија јајцата. Двете завојувани страни решија да се испокршат и еднаш засегаш да ја решат политичката криза во Македонија.

Кој има подобри јајца, може да дознаете во новата епизода на „Фчерашни новости“, која веќе е ставена на „Јутјуб“.

Екипата откри и зошто претседателот Ѓорѓе Иванов не ги добива писмата пратени на негова адреса. Ексклузивно беше претставено и новото македонско Министерство, Министерството за спонтани работи.

Од студиото се вклучија во живо од Клиниката за токсикологија, каде дежурната докторка како откри како таму поминаа празниците.

Погледнете ја епизодата 21 од „Фчерашни новости“, а новите содржини очекувајте ги веќе следната недела, 19:10 часот на програмата на „Телма“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава