X
 30.11.2016 Култура

Кој е најпребаруваниот збор на годината?

збор

 

Интернет речникот Dictionary.com го избра зборот на годината: ксенофобија.


Брегзитот, политичкото насилство, бегалската криза, правата на транссексуалците во Америка и американската претседателска кампања се некои од случувањата кои придонесоа за корисниците се' повеќе да го пребаруваат овој збор.

Речникот зборот ксенофобија го дефинира како „страв или омраза кон странците и луѓето од различна култура“, а во план е значењето на зборот да биде проширено на недопаѓање или страв од „обичаи и култура на луѓе чие потекло е различно од нашето“.

Зборот има грчко потекло од зборот „xenos“ кој значи странец или гостин и зборот „probos“ кој означува страв или паника.

Како што се наведува, корисниците најмногу го пребарувале зборот ксенофобија на 24 јуни, кога Велика Британија изгласа напуштање на Европската унија.

Пребарувањето на зборот се зголеми за 938 отсто во периодот меѓу 22 и 24 јуни, а голем пораст е забележан и на 29 јуни, кога американскиот претседател Барак Обама изјави дека кампањата на републиканецот Доналд Трамп не е мерка за „популизам туку за нативизам и ксенофобија“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура