X
 31.01.2017 Култура

Најстрашните хорор филмови на сите времиња

Кога помислувате на најстрашните филмови на сите времиња, што ви доаѓа на ум? „Егзорцист“, „Тексашки масакр со моторна пила“, „Сјаење“, „Ноќ на вештерките“? Овие филмови навистина се застрашувачка класика која ја погледнале милион луѓе. Тие го заработија своето место за почит. Меѓутоа ќе забележите дека многу филмови недостасуваат на листата.

Во продолжение е листа на најстрашните филмови на сите времиња, а голем дел од филмовите на листата се од неодамна. Како што се менува општеството, се менуваат и стравовите и вкусовите.

1. „Бабадук“ (2014)


Деби-филм на Џенифер Кент, исто толку моќна драма колку и хорор филм, и тоа каков хорор филм! После смртта на нејзиниот сопруг, Амелија мора да се справи со тагата која ја уништи како и фактот што сега е самохрана мајка. Кога нејзиниот син дома ќе донесе книга за деца, работите започнуваат да добиваат мрачна пресвртница. Таа започнува да се сомнева дека нешто лошо сака да го земе нејзиното дете, или пак едноставно го губи умот. Копајќи длабоко во менталната болест, загубата, борбите на мајчинството и родителството, не би ни помислиле дека е време за морничавиот терор. Во светот каде хоророт се сфаќа сериозно, Еси Дејвис би била номинирана за Оскар за нејзиното портретирање на Амелија.

2. „Ужас од длабочина“ (2005)



Повеќето луѓе инстинктивно се плашат од темината. Како возрасен, гледајќи го филмот ќе научите повторно да се плашите. Приказната следи група на шест жени кои се впуштаат во авантура која лошо завршува. Филмот претставува ужасна приказна за опстанок, која станува се` помоќна како што се развива односот меѓу ликовите. До моментот кога чудовиштата ќе се појават, вие ќе бидете премногу емоционално инволвирани за да го исклучите филмот.

3. „Прстенот“ (2002)



Во дигиталната ера, овој филм лесно би ја изгубил моќта. Меѓутоа благодарение на брилијантното темпо и бавното откривање на главниот негативец, оваа приказна за духови важеше за најдобар и најстрашен хорор кога повеќето домаќинства имаа Ви-си-ар. Премисата е едноставна: постои лента која ја убива секоја личност која ја гледа, во рок од седум дена. Еднакви делови на мистерија со убиство и приказна за духови, оваа хорор класика ви нуди пресврти се` до последниот момент.

4. „Маченици“ (2008)



Од сите филмови на листата, „Mаченици“ е најтешко да се препорача. Оваа француска класика на екстремен хорор го нуди најбруталното насилство кое имате можност да го погледнете на екран. Една млада жена напаѓа семејство додека појадува, убедена дека тие ја киднапирале и измачувале како дете. Она што започнува како приказна за одмазда, полека се развива во неискажлива темнина која не може да се опише, а да не се откријат спојлери. Не го гледајте американскиот римејк, бидејќи е лоша копија на оригиналот.

5. „Кендимен“ (1992)




90-тите беа чудна деценија за ужас. Додека класиците како „Scream“ имаа посебно место во срцата на читателите, поголем дел од деценијата, хоророт живееше во гето. Жанрот и не беше баш сакан од студијата, и беше недоволно финансиран, оставајќи прашина да берат многу добри идеи кои останаа нереализирани. „Кендимен“ е исклучок - паметна, брутална приказна за терор која ги допира сите вашите потреби за хорор без разлика дали сте хард-кор обожавател на хорор или од оние кои се плашат и од „обичен“ дух. Приказната ја следи студентката која се обидува да открие вистинска приказна позади урбана легенда и која случајно, го разбудува „ѕверот“.

6. „Кога јагнињата ќе стивнат“ (1991)



Иако можеби „Кога јагнињата ќе стивнат“ и не спаѓа баш во овој жанр, меѓутоа неизвесноста во филмот, распнувањето, канибализам и костуми од кожа. Тоа што овој филм не се смета за вистински хорор филм, е она што помага кај гледачите - тие имаат некои основни очекувања, а завршуваат опкружени со неискажливи злобни сили.

7. „Граница“ (2007)



Филмот е историски важен, меѓутоа изгуби некои предности низ годините. Приказната раскажува за банда на млади крадци кои бегаат во Париз, поради серија политички немири. Се засолнуваат во селскa гостилница, за да откријат дека тоа всушност е дом на семејство нацисти.

8. „Го видов ѓаволот“ (2010)




Кога свршеницата на специјалниот агент е жртва на брутален сериски убиец, агентот започнува да го демнее самиот убиец. Она што започнува како едноставна игра на мачка и глушец, за брзо време се претвора во насилна расправија како што и двајцата бараат одмазда. Овој убаво снимен кошмар следи еден добар човек кој се претвора во чисто зло како што се обидува да му парира на чудовиште кое не може да го разбере.

9. „Полтрегајст“ (1982)




Конечно, филм кој може да го гледа цело семејство. Стивен Спилберг е еден од сценаристите. Постојат многу филмови за семејства кои се преселуваат во домови за кои откриваат дека злото живее таму. Меѓутоа, „Полтрегајст“ блеска во неговото извршување. На почетокот духовите изгледаат расположени за игра. Сето тоа е одлична забава, се` до моментот кога дрвото се обидува да го изеде детето, а порталот се обидува да ја одведе ќерката во друга димензија.

10. „ Куќа на рид опседнат со духови“ (1959)




Уште една класика на сите времиња и единствениот црно-бел филм на листата. Режисерот Вилијам Кесл бил повеќе познат по триковите како што се летечки скелети во кината кои ги прикажувале неговите филмови, отколку по неговите страшни филмови. Меѓутоа, овој филм е исклучок од ова правило. Група на непознати луѓе прифаќаат да бидат заклучени една вечер во една куќа за 10.000 долари, заедно со ексцентричен милионер и неговата сопруга. Оваа приказна за убиства и вештерки може да е чудна за современи стандарди. Одлична комбинација на хумор и хорор. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура