X
 30.11.2016 Живот

Разликите во воспитувањето на првото и второто дете

После првото дете се'уште имаме енергија и надеж и сме посветени на идејата дека се' мора да се направи совршено. Но, тогаш го добиваме второто дете и сфаќаме дека мора да ја промениме нашата визија за родителството и во некои работи попуштаме, а некои претерани правила ги заобиколуваме.

 

деца


1. Исхрана

Првото дете: Свежо приготвено овошје, зеленчук, готвени оброци, мени на кое нема место за брза храна. Барем до моментот кога некој од блиските, кога не гледате, ќе успее да го понуди со првите грицки, смоки...

Второто дете
: Остатоци од ручекот, грицки, сендвичи, сок...

2. Облека

Првото дете
: 100% памук, проверено потекло.

Второто дете: Веќе носената облека од постариот/постарата брат/сестра.

3. Капење

Првото дете:
Секоја вечер во када со соодветна големина со најдобриот природен гел за капење на бебе.

Второто дете: Двапати неделно. Останатите денови воглавно е делумно миење или евентуално туширање.

4. Рутина на заспивање

Првото дете:
Завиткано во омиленото ќебенце со пеење песни и одење на спиење секоја вечер во истото време. Строго почитување на правилата на рутината бидејќи кај детето создава сигурност.

Второто дете: Заспива со шишето или цуцлата во устата на каучот во 22 часот.

5. Пријатели

Првото дете:
Организирање дружење, договарање со мајките во паркот за следно дружење.

Второто дете: Пријател е со постариот/постарата брат/сестра.

6. Играчки

Првото дете:
Дрвени играчки со врвен квалитет, воглавно со потекло од земјите од ЕУ.

Второто дете: Играчки „Made in China3, важно е да е ново.

7. Правила во врска со гледањето телевизија

Првото дете:
Само „Baby TV“ и тоа максимум 23 минути.

Второт дете: Уште од 2 години има свој таблет, знае како да гледа слики на мобилен и секако, гледа дологометражни цртани.

8. Чевли

Првото дете:
Од врвен квалитет со европски потпис, цената не е важна.

Второто дете: Марка без име или пак она што останало од првото дете.

9. Дадилка

Првото дете:
Драгата комшивка која ќе ја цениме и сакаме до крајот на животот, која го носеше во паркот, на утринска и попладневна прошетка.

Второто дете: Никој. И онака не излегуваме.

10. Фотографии

Првото дете:
Фотографии од болница, од првото запче, првиот чекор, првото излегување во паркот.

Второто дете:
Освен снимката за колкчињата, друг „запис“ нема.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот