X
 08.06.2024 Живот

Децата не сакаат да станат учители и лекари, туку инфлуенсери, покажува ново истражување

Децата не сакаат да станат учители, лекари и бизнисмени, туку инфлуенсери, покажало новото истражување на телекомуникациската компанија „БТ груп“.

Истражувањето објавено од „Дејли мејл“ ги испитувало амбициите на најмладите оваа година во споредба со 2000 година. Студијата покажала дека популарноста на интернетот влијаела врз резултатите, а децата на возраст од 11 до 15 години ги наведуваат занимањата на социјалните мрежи како едни од најпосакуваните.

Во 2000 година девојчињата посочиле дека сакаат да станат учители, лекари, адвокати, психолози и медицински сестри, додека момчињата ги истакнале професиите менаџери, инженери, лекари и спортисти. Според резултатите од годинашното истражување, четири од првите пет работни места наведени од момчињата се поврзани со СТЕМ (технологија, инженерство и математика), вклучувајќи и дизајн на видеоигри и софтверско инженерство.

Директорката за социјално влијание на „БТ груп“, Викторија Џонсон, истакнала дека во споредба со момчињата, многу девојки сметаат дека технолошките кариери не се за нив.

Студијата покажала дека повеќе од 51 отсто од анкетираните девојки веруваат дека технолошките кариери им одговараат на момчињата, а речиси 78 отсто веруваат дека нема доволно женски примери во технолошката индустрија.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Децата повеќе не сакаат да станат учители, лекари и бизнисмени, туку инфлуенсери, покажало новото истражување на телекомуникациската компанија „БТ Груп“.

Истражувањето објавено од „Дејли Мејл“ ги испитувало амбициите на најмладите во оваа година, во однос на 2000 година. Студијата покажала дека популарноста на интернетот влијаела на резултатите, а децата на возраст од 11 до 15 години ги наведуваат занимањата на социјалните мрежи како едни од најпосакуваните.

Во 2000 година, девојчињата посочиле дека сакаат да станат учители, лекари, адвокати, психолози и медицински сестри, додека момчињата ги истакнале професиите како што се менаџери, инженери, лекари и спортисти. Според резултатите од овогодинешното истражување, пак, четири од првите пет работни места наведени од момчињата се поврзани со „СТЕМ“ (технологија, инженерство и математика), вклучувајќи и дизајн на видео игри и софтверско инженерство.

Директорката за социјално влијание на „БТ Груп“, Викторија Џонсон, истакнала дека во споредба со момчињата, многу девојки сметаат оти технолошките кариери не се за нив.

Студијата, исто така, покажала дека повеќе од 51 отсто од анкетираните девојки, веруваат дека технолошките кариери им одговараат на момчињата, а речиси 78 отсто веруваат дека нема доволно женски примери во технолошката индустрија. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот