„Фчерашни новости“ продолжува да ја следи кампањата на Партијата на неопределените. Го претставуваме нивниот нов спот, а на терен сме заедно со лидерот на партијата Климе Охридски, кој фчера оствари неколку средби со граѓаните.
Во третата епизода на пародичните вести имаме и специјална гостинка, која одамна не сме ја виделе на македонските телевизии. Имено, граѓаните ќе имаат можност да прашуваат, а Гордана Јанкуловска да одговара.
Гледајте ја новата епизода на „Фчерашни новости“ оваа недела во 19:10 часот на „Телма“!