X
 24.02.2020 Забава

Прашања чиј одговор го чекаме во специјалната епизода на „Пријатели“

Официјалната потврда дека главните ликови од серијата „Пријатели“ се враќаат за специјална епизода е една од најдобрите работи што се случиле годинава. Обожавателите веќе се подготвуваат за новата епизода со ново гледање на целата серија. Се знае дека во специјалната епизода ќе има разговори со актерите и нема да биде класична епизода.

Во меѓувреме, има многу неодговорени прашања за ликовите во серијата. Дали Рос и Рејчел повторно ќе ја прекинат врската? Дали Чендлер и Моника живеат во предградието? Дали Гантер сè уште е платонски заљубен во Рејчел? Има толку многу прашања што сакаме да бидат одговорени во специјалната епизода.



Фото: www.facebook.com/friends.tv

Дали Рос и Рејчел имаат уште деца?

Кога заврши серијата, Рејчел и Рос завршија заедно и имаа една ќерка - Ема. Сега сакаме да знаеме дали имале уште деца? Дали се во брак? Во серијата „Џои“, во која играше актерот кој ја толкуваше оваа улога, Мет Лебланк, Џои вели дека сите во групата се венчани. Во „Пријатели“, Рос кажува дека сака да има повеќе од едно дете, но тој има друго дете со поранешната сопруга.

Дали Гантер сè уште е опседнат со Рејчел?

Во текот на серијата Гантер постојано ја покажува својата љубов кон Рејчел, но никогаш не ѝ кажува дека ја сака. Сега, Рејчел е со Рос, па што прави Гантер? Дали сè уште служи кафе во „Централ парк“?

Што се случи со Бен?

Синот на Рос се појавува во првите сезони, но потоа поретко го гледаме. Што прави Бен сега?



Фото: www.facebook.com/friends.tv

Што е со серијата „Џои“?

Серијата „Џои“ во која игра Лебланк продолжува онаму каде што завршува „Пријатели“. Во неа Џои се сели во Лос Анџелес и се дружи со својата сестра. Дали тоа значи дека групата ќе се распадне и во специјалната епизода или таа ќе следи поинаква насока од „Џои“?

Дали Ема сè уште спие?

Во една епизода во десеттата сезона пријателите го прославуваат првиот роденден на Ема, но бебето спие во текот на целата прослава. Чендлер се жали за нејзиното спиење бидејќи тоа му го одложува викендот со Моника, па вели:

- Здраво, Ема. 2020 година е. Дали уште уживаш во спиењето?

Сега навистина е 2020 година, па сите сакаме да ја видиме Ема. Дали таа се дружи со пријателите на нејзините родители?



Фото: www.facebook.com/friends.tv

Дали Фиби и Мајк имаат семејство?

Фиби ги изненади сите кога одлучи да се омажи со Мајк. Тие имаа прекрасна венчавка. Дали подоцна имаат деца? Фиби веќе се појави во улога на мајка во серијата кога ги роди децата на својот брат, но дали има свои деца?

Дали сите ги имаат истите работи?

На крајот од серијата Џои беше актер, Мајк свиреше на пијано, Рос беше професор, а Фиби беше масажерка. Што станува со другите? Дали Чендлер и Моника наоѓаат нови работи кога се селат во предградието? Дали некој од нив се откажува од кариерата за да ги чува близнаците. Дали Рејчел дава отказ кога решава да не се сели во Париз?



Фото: www.facebook.com/friends.tv

Дали некој друг се вселил во станот на Моника?

Моника и Рејчел живееја во станот чиј изглед стана култен. На крајот од серијата Моника и Чендлер се отселуваат од станот, но не дознаваме дали некој друг се вселува во него.

Автор: Екин Карасин
Извор: metro.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава