X
 07.12.2016 Живот

Личности кои ја одбележаа 2016 година

Листата за најпознати лица во 2016 година ја објави магазинот TIME, а како критериум беше земен нивното влијание во медиумите без оглед дали се работи за добри или лоши причини.

Симоне Билс

Учествувајќи на Олиплиските Игри во Рио Де Женеиро, талентираната 19 годишна гимнастичарка освои 4 златни медали и 1 бронзена водејќи го својот тим „Final Five“ кон победа.


најпознати личности


Хилари Клинтон

Поранешната прва дама на САД, сенаторката од Њујорк и државниот секретар стана првата жена која се бореше за претседателската номинација од најголемата политичка партија во САД.

Научниците од CRISPR


Овие научници развиле нова револуционерна технологија која може да менува ДНК, техника која има потенцијал да ја трансформира науката и човековото искуство, како што може да се користи за да ги најде и избрише мутациите одговорни за неизлечиви болести.

Реџеп Таип Ердоган

По неуспешниот обид за воен удар во јули, турскиот претседател ја заостри контролата врз земјата, апсејќи политички противници, отпуштајќи илјадници државни службеници и затворајќи медиумски организации.

Најџел Фараж

Како претседател на Независната партија во Обединетото Кралство, Фараж беше лицето кое стоеше позади успешната кампања за Велика Британија да ја напушти Европската унија, позиционирање на референдумот за почеток на глобалниот популистички бран против политичкиот естаблишмент.

Флинт информаторите


Локалните жители, заедно со професорот Марк Едвардс и локалниот педијатар Мона Хана Атиша, ја кренаа свеста за отровната вода со олово во Флинт, Мичиген насочувајќи го националното внимание кон кризата на животната средина, која се уште допрва треба да биде целосно решена.

Бијонсе Ноулс

Заедно со светската турнеја и моќната визуелност на вториот албум, „Lemonade“ Бијонсе продолжи да ја изненадува и да ја предизвикува глобалната публика, со користење на нејзината платформа зборувајќи за расната неправда, полициското насилство и феминизмот.

Нарендра Моди


На чело на една моќна влада, индискиот премиер ја водеше економијата на неговата земја во позиција како „позитивна приказна за новите пазари во светот". Кон крајот на годината, сепак, тој исто така предизвика загриженост кога неочекувано ја забрани употребата на валутите 500 и 1000 рупии, потег кој имаше за цел да го спречи неоданоченото богатство, но сега се заканува да го забави економскиот раст на земјата.

Владимир Путин

Рускиот претседател беше на насловните страници оваа година поради интервенцијата на неговата земја во Сирија и доказите кои покажале дека руски оперативци биле одговорни за хакирањето на серверите на Демократскиот Национален Комитет.

Доналд Трамп

По анти кампањате насочени кон естаблишментот претседателскиот кандидат, Доналд Трамп беше избран за 45-ти претседател на САД.

Марк Цукерберг

Во годината „Facebook“ надмина 1 милијарда дневни корисници, што подразбира дека социјалниот медиумски гигант има невиден глобален дофат. Главниот извршен директор исто така, се соочуваше со притисок да ја преземе одговорноста за улогата на сајтот во ширење на лажни или погрешни вести, поради критиките дека тие вести влијаеле врз исходот на претседателските избори во САД.

Оваа листа повторно ќе биде обновена од страна на магазинот Time.com во наредните дена.
Save
Подготвил: Светлана Петковска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот