X
 19.05.2016 Технологија

Најбараните програмски јазици за 2016 година

„Glassdoor“ неодамна објави извештај за најдобрите и најбараните професии. Повеќе од половина од овие професии се на полето на технологијата и бараат вештини за програмирање.

 

jazik


Доколку сте заинтересирани за некој програмски јазик, добро би било да ги имате следните јазици во предвид кога се одлучувате што да учите.

1. „SQL“

Не е изненадување што овој програмски јазик се наоѓа на врвот на листата. Технологиите за база на податоци како „MySQL“, „PostgreSQL“ и „Microsoft SQL“ управуваат со големите бизниси, малите бизниси, болниците, банките, универзитетите. На пример сите „Android“ телефони имаат пристап до „SQL“ базата на податоци наречена „SQLite“.

2. „Java“

Технолошкото општество неодамна ја прослави 20 годишнината на „Java“. Овој програмски јазик се смета за еден од најшироко усвоените, со 9 милиони корисници, а 7 милијарди уреди кои го користат низ светот. Исто така, „Java“ е програмски јазик кој се користи за да се развијат сите „Android“ апликации. Програмскиот јазик е популарен кај девелоперите поради фактот што е едноставен и основен во читањето.

3. „JavaScript“

Често пати луѓето ги мешаат „Java“ и „JavaScript“ кој е уште еден од најпопуларните и најмоќните програмски јазици, и се користи за „моделирање“ на веб страните со тоа што девелоперите ги прават интерактивни. Овој програмски јазик може да се користи за да се стават ефекти на веб страните, да излегуваат „pop-up“ пораки или да се создадат игри со основни функции.

4. „C#“


Овој програмски јазик потекнува од 2000 година и релативно нов програмски јазик дизајниран од „Microsoft“ за широк спектар на претприемачки апликации кои функционираат на .Net Framework.

5. „C++“

Овој програмски јазик е создаден од Бјарне Строуструп, а прв пат бил објавен во 1983 година. Бјарне чува долга листа на апликации напишани токму на овој програмски јазик, а во неа се вклучени и „Adobe“ и „Microsoft“ апликациите.

6. „Python“

Генерално, станува збор за програмски јазик кој има генерална корист и е именуван според Монти Пајтон. Ова е едноставен јазик и наликува на англискиот јазик. Одличен е за почетници како и за професионалци.

7. „PHP“

Создаден од данско-канадскиот програмер Расмус Лердорф во 1994 година, овој програмски јазик првично имал намена да биде нов програмски јазик. Наместо тоа, бил создаден како сет на алатки за да му помогнат на Расмус да ја одржува неговата персонална домашна страна (Personal Home Page). Денес ова е јазик на скрипта, работи на сервер и може да се користи за да се создадат веб страни пишувани во HTML.

8. „Ruby on Rails“


Исто како „Јava“ или „C“ јазикот, и овој програмски јазик има намена за генерално користење, иако најдобро е познат по користењето во веб програмирањето, и како рамка за „Ruby Language“. „Ruby on Rails“ има доста позитивни квалитети вклучувајќи го и брзото движење, не е потребно многу кодирање и постои широк спектар на библиотеки.

9. „iOS/Swift“

Во 2014 година, „Apple“ одлучи да создаде сопствен програмски јазик. Резултатот беше „Swift“ - нов програмски јазик за „iОS X“ девелоперите да ја создадат следната голема апликација. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија