Тунелот наречен „Gotard GBT“ („Gotthard Base Tunnel“) се наоѓа помеѓу Цирих и Лугано во должина од 57 километри и поминува низ планината Свети Готард на Алпите. Се смета за најдолг тунел во светот.
„Божиќ е“, рекол
Андреас Мејер, директор на швајцарската железница, по првото патување со патничкиот воз кој од Цирих тргнал во 06:09 часот по средноевропско време и стигнал во Лугано во 08:17 часот.
Тунелот во месец јуни го отвори швајцарскиот претседател Јохан Шнајдер Аман во придружба на францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот италијански премиер Матеа Рензијаи и австрискиот канцелар Кристијан Керн.
Тунелот се градеше 17 години, а чинеше околу 11 милијарди евра. Низ овој тунел секојдневно ќе поминуваат 260 товарни возови кои ќе возат со брзина од 100 километри на час и 65 патнички воза кои ќе се движат и до 200 километри на час.
Save