Најдобрите училишта и факултети во светот често се и најскапи. На глобално ниво, најскапите образовни институции се наоѓаат во Швајцарија. Ова се дел од нив:
Институт „Ле Рози“, Швајцарија
Учењето во ова училиште чини 129.192 долари годишно. Со школарината добивате можност да учите во замок, а во близина има и скијачки центар.
„Колеж Алпин интернешнл Бо Солеј“, Швајцарија
Годишната школарина чини 129.328 долари. Се смета и за едно од најексклузивните училишта во светот. Тука учеле многу познати луѓе, меѓу кои и двајцата принцови од Луксембург, принцезата Мари од Данска и други. Освен школарината, се доплаќа и за униформата, која чини 6.200 долари.
„Ајон Колеж“, Швајцарија
Годишната школарина чини 120.463 долари. Училиштето се наоѓа на швајцарските Алпи, на 1.250 метри над Лозана. Тоа постои од 1949 година. Како дел од наставата, учениците одат на експедиции со активности како кампување, пешачење, планинарење и кајакарење.
Меѓународно училиште „Сент Џорџ“, Швајцарија
Учењето во ова училиште чини 108.646 долари годишно. Тоа било основано од двајца Англичани во 1927 година, кои сакале да направат училиште во кое ќе доаѓаат ученици од сите националности со цел да се спречат конфликтите што довеле до Првата светска војна.
Американско училиште „Лејзин“, Швајцарија
Годишната школарина чини 103.254 долари. И покрај неговото име, само 12% од учениците во училиштето се Американци. Институцијата е дом на ученици од 60 земји. Паралелките се мали, околу 12 ученици и просечно има еден наставник на 8 ученици.
„Колеж ду Леман“, Швајцарија
Годишната школарина изнесува 96.475 долари. Училиштето поседува 10 хектари земја и огромна сала за вежбање. Учениците тука може и да учат да пловат.
Меѓународно училиште „Бриланмонт“, Швајцарија
Годишната школарина изнесува 89.695 долари. Сместено во центарот на Лозана, училиштето било основано во 1882 година. Во него се запишуваат околу 150 ученици. Една од поволностите од учењето се редовните екскурзии во земјата и соседните држави.
Извор:
luxurylaunches.com
Фото: Pixabay