Во саботата,
Папата Францис ги сподели своите тешки мисли за староста пред собраните кардинали, а по повод почетокот на прославата на неговиот 80. роденден.
„Нешто што изгледа грдо и страшно, староста, деновиве ми е постојано во главата“, признал Папата по завршувањето на верската служба во црквата Паолина.
Повиувајќи се на старите римски поети и философи, како што се Цицерон и Плиниј, Папата Францис ја опишал староста како „копнеж за мудрост“, додавајќи: „Да се надеваме дека и за мене ќе биде така“.
„Молете се и мојата старост да биде таква: мирна, исполнета со верба, плодна и полна радост“, рекол Папата опкружен со кардиналите.
Ватикан отворил седум електронски пошти за да може да ги прими сите честитки што стигнувале по повод роденденот на Папата и тоа на латински, на италијански, шпански, португалски, англиски, француски, германски и полски јазик.
Од Светиот престол велат дека Папата намерува својот ден да го помине „нормално“, со вообичаените работни активности.
Меѓу многуте пораки, на Папата му честитал и претседателот на САД во заминување, Барак Обама: „И со зборови и со дела, Папата ги инспирира луѓето од целиот свет со своите пораки за сочувство, надеж и мир“.
Обама, исто така, му се заблагодарил на Папата за придонесот во историското приближување меѓу Соединетите држави и Куба.