Низ интернетот постојат толку многу веб страни, што е тешко да се знае секоја од нив. Листата подолу ве обезбедува со веб страни кои ќе ви бидат од голема корист, дури и ако не се толку познати.
1.
BugMeNot - Не сакате да се регистрирате на веб страни и не сакате да го споделувате вашиот меил? Оваа страна споделува логирања кои можат да се искористат на илјадници веб страни.
2.
Get Notify - Оваа веб страна ве информира дали меилот го отворил и прочитал оној кому сте му го испратиле.
3.
Zero Dollar Movies - Ако барате бесплатни филмови, тогаш оваа веб страна ви нуди повеќе од 15.000 на повеќе јазици.
4.
Livestream - Оваа страна ви овозможува да гледат настани во живо на било која платформа.
5.
scr.im - Страна која вашата меил адреса ја претвора во кратко URL кое може да се споделува јавно.
6.
TinEye - Оваа страна овозможува пребарување на „Reverse Image“.
7
. Fax Zero - Страна која ви овозможува да испраќате бесплатно факсови во Америка и Канада.
8.
Snopes - Доколку сакате да проверите урбани приказни, ова е вистинското место.
9.
Stickk - Тешко ви е да се држите до целите? Оваа страна ќе ви помогне во тоа.
10. Boxoh - Следете било кое испратено пакетче на „Google Maps“.
11. PicMonkey - Онлајн едитор за слики кој ви овозможува да ги уредувате сликите.
12. Trello - Одлична онлајн алатка за организирање на се'.
13. Short Reckonings - Онлајн алатка која ви овозможува да водите сметка за вашите трошоци.
14. Memrise - Сакате да учите нови нешта во мали пакувања? Ова е вистинска страна за вас.
15. Instructables - Оваа страна ви овозможува инструкции за се' што сакате да изградите.
16. join.me- Во денешниот свет, каде соработката е клучот, оваа страна ви овозможува да споделувате десктоп екрани.
17. Sync.in - Веб страна која овозможува неколку луѓе да уредуваат документи.
18. Privnote - Сакате да споделувате белешки и информации кои се уништуваат откако се прочитани? Ова е вистинската страна за вас.
19. ScribbleMaps - Сакате да создавате мапи? ScribbleMaps е одлична веб страна за тоа.
20. Triplt - Одличен начин за организирање на сите детали од вашиот одмор или бизнис патување.
21. Sky scanner - Веб страна која ви овозможува да споредувате милиони летови.
22. Hostel Bookers - Еден од најдобрите пребарувачи за евтини хотели и хостели.
23. Fitday - Страна која ви овозможува да ја следите вашата диета и губењето на килограмите.
24. Endomondo - Мобилна апликација која ви овозможува да го следите вашиот тренинг.
25. My fitness pal - Апликација која ви ги брои калориите.
26. Fuelly - Страна која ви овозможува да го следите горивото и километрите во вашиот автомобил и да анализирате колку тоа троши.
27. 3 minute journal - Апликација која ви овозможува да ги запишувате расположенијата, неуспесите, достигнувањата и моментите на благодарност.
28. 750 words - Oва е одлична за сите кои сакаат да си го исчистат умот и мислите да ги преточат во пишани зборови.