X
 05.02.2017 Технологија

Апликации за подобра организација на секојдневните обврски

Доколку на вашата листа на желби се наоѓа и одлуката оваа година рационално да ги трошите парите и да ги распределите вложувањата, како и желбата конечно да ги организирате вашите фотографии и сите информации за вашите проекти да ги имате на телефонот, тогаш овие апликации ќе ви помогнат многу.


Планирајте ги своите проекти со „Trello

Доколку истовремено работите на неколку различни проекти, оваа апликација ќе ви помогне сите податоци да ги имате на едно место, да ги организирате документите и да подготвувате датотеки.

Следете ги своите финансии со „Mint

Оваа апликација ќе ви помогне да ги следите вашите трансакции, да си поставите цел за штедење и да имате увид во сопствениот буџет.

Организирајте ги своите фотографии со „Google Photos

Доколку ви недостига меморија на телефонот, оваа апликација е паметна идеја. Можете да ги сортирате по групи, за подоцна полесно да ги најдете.

Креирајте своја „to do“ листа со „Any.do

Ако сте љубител на пречкртување на завршените обврски, а немате секогаш пенкало и нотес, оваа апликација има решение за вас. Освен тоа, можете да ги делите своите обврски со други луѓе и да додадете ваша листа на десктопот на компјутерот.

Станете супер организирани со „Evernote

Подгответе ги своите идеи, додадете разни содржини и видео записи во апликацијата. Ќе ви помогне да ги завршувате обврските без разлика дали сте дома, во автобус или било каде на пат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија