Овие пет книги се вистински ремек-дела, со оглед на тоа што имале исклучително влијание врз светската книжевност, историја, култура и развој на општеството. Затоа секоја личност би требало да ги прочита барем еднаш во животот.
1. „Илијада“, Хомер
„Илијада“ е епопеја што се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија датира од околу осмиот век пр.н.е. Епопејата опишува многубројни историски настани и војни во тогашна Мала Азија. Меѓу другото, „Илијада“ ја раскажува приказната за Тројанската војна, храбриот Ахил и другите славни јунаци.
2. „Божествена комедија“, Данте Алигиери
Ова е можеби најголемиот бисер во историјата на италијанската литература. Делото е вистинска средновековна енциклопедија на наука, политика, филозофија, морал и теологија. Фокусот е на описот на човечката душа со сите нејзини страсти, пороци, радости и доблести и ликот на човекот во различни психолошки предизвици. Делото е составено од три дела: „Пеколот“, „Чистилиштето“ и „Рајот“. Се смета дека Данте почнал со пишување на делото во 1308 година, а го завршил во 1320 година, една година пред неговата смрт.
Фото: Freepik
3. „Фауст“, Јохан Волфганг Гете
„Фауст“ е трагедија во два дела на германскиот поет Јохан Волфганг фон Гете. Првиот дел бил објавен во 1808 година, но подоцна претрпел измени. Вториот дел бил печатен по смртта на авторот, во 1832 година. Познато е дека Гете работел на „Фауст“ долго време. Главен лик е Јохан Фауст, волшебник кој ја отфрла современата наука и религија и ја продава душата на ѓаволот. Мора да го прочитате ова дело за да сфатите зошто станало бесмртно.
4. „Гордост и предрасуди“, Џејн Остин
Откако било напишано, ова ремек-дело на англиската литература не ја губи својата популарност. Овој
роман е втор издаден на Џејн Остин, кој го напишала помеѓу 1796 и 1797 година во Хемпшир, каде што живеела. Првичниот наслов бил „Прв впечаток“, но бил преименуван во „Гордост и предрасуди“ пред да биде издаден. Остин совршено прикажува како во тие времиња жените наоѓале љубов и се бореле за неа.
5. „Хамлет“, Вилијам Шекспир
Трагедија од Вилијам Шекспир за која се верува дека ја напишал во периодот помеѓу 1599 и 1601 година. Драмата се случува во Кралството Данска и раскажува за начинот на кој принцот Хамлет му се одмаздува на неговиот чичко Клавдиј, поради убиство на неговиот татко.
Извор:
Stil.kurir.rs
Фото: Freepik