X
 16.04.2020 Култура

Погледнете го филмот „Скопје 2020“ на Радован Петровиќ

„Скопје 2020“ е приказна за семејство што живее во еден од најзагадените градови во Европа и се бори со одлуката дали да остане во родниот град. Филмот, кој досега се прикажуваше на фестивали, сега може да го погледнете на Факултети.мк. Режисер и сценарист на краткиот филм е Радован Петровиќ, а продуцент е Роберт Насков. 

Улогите ги толкуваат: Верица Недеска, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Ториан Азгоур, Катерина Коцевска, Стефанија Митовска, Петар Стојанов, Љубиша Гавровски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Филмот беше прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“ минатата година, каде што ја освои првата награда од публиката во програмата „Макпоинт“. Беше прикажан и на „Синедејс“ во Скопје и на „Дрим шорт филм фестивал“ во Струга.

На филмот, кој е во продукција на „Кино око“, работеа: директор на фотографија Андреј Лембанов, сценографија Сандра Чевреска и Симе Бранов, шминка - Ирена Сенокозлиоска, костимографија Жаклина Крстевска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а  постпродукцијата се реализира во „ФX3X“ и „АудиоХаус“.

Skopje2020 - short film, by Radovan Petrovic from Rasha Petrovic on Vimeo.

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура