X
 16.05.2018 Живот

Знаете ли кој град бил инспирација за Балтазар-град?

„Професорот Балтазар“ е анимирана серија од 1967 до 1978 година, а и денес се смета за најуспешен хрватски цртан во светот. Оваа серија ја снимаше Загрепската школа за цртани филмови, а главниот лик со текот на времето стана препознатлив симбол на главниот град на Хрватска.

Сепак, Загреб не бил главната инспирација за создавање на Балтазар-градот. Хрватскиот академик, сликар, режисер, сценограф и еден од основачите на Загрепската школа за цртан филм, покојниот Златко Боурек, во еден разговор откри дека инспирацијата за ова волшебно место била пронајдена на сосема друго место.

- Кога почнавме да работиме на „Балтазар“, идејата беше да го сместиме во некоја урбана средина и кога размислувавме што сѐ треба да има еден таков град, некако веднаш на памет ни падна Риека. Јас тогаш веќе неколку пати престојував во Риека и таа секогаш одново ме одушевуваше како еден извонредно уреден, дотеран граѓански град, со таа своја широка и долга централна улица на чии страни се наоѓаат тие големи убави стари згради, со пристаништето кое е во близина и на чиј крај ќе се сретнете со големиот железен брод. Сето тоа на Риека ѝ дава по малку надреалистичен изглед, кој нам ни одговараше за нашата идеја за Балтазар-градот. Секако, некои други детали во сценографијата се инспирирани од други градови - на пример, тврдината е по пример на онаа во Дубровник и слично - објасни Боурек
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот