Претседателот на САД, Доналд Трамп, неколку пати пројавувал интерес да се купи Гренланд од Данска, објави „Волстрит џурнал“.
Весникот се повикува на неименувани извори и поранешни лица од Белата куќа.
Претседателот на САД барал од своите советници да разгледаат идеја за купување на најголемиот остров на Земјата. Тој пројавил интерес за Гренланд заради природните ресурси и геополитичкото значење. Во образложение до советниците, Трамп укажал дека Данска има финансиски тешкотии затоа што во состав на кралството влегува огромна автономна територија.
Следниот месец Трамп ќе ја посети Данска.
Извор: МИА