X
 23.01.2019 Живот

Чудо под морето - тунел помеѓу Германија и Данска долг 19 км и вреден 8 милијарди евра

Германските власти одобрија изградба на подводен тунел за патен и железнички сообраќај што ќе ја поврзува Германија со Данска.

Тунелот со должина од 19 километри ќе го поврзува германскиот остров Фемарн со данскиот остров Лоланд. Тунелот ќе има четири патни ленти и две железнички пруги, а треба да биде завршен во 2024 година.

Проектот за изградба на тунелот бил претставен во 2013 година, а поминал два круга на јавна дебата. За неговата реализација се спротивставуваат активистите за животна средина.

Се очекува договорот за изградба да биде потпишан за две недели, а противниците за изградбата може да поднесат жалба до Сојузниот управен суд во Германија.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот