X
 16.11.2022 Економија

Сите големи паркинзи во Франција ќе мора да инсталираат соларни панели

Сите големи паркиралишта во Франција да бидат покриени со соларни панели, предвидува нов закон одобрен во рамките на иницијативата за обновлива енергија на претседателот Емануел Макрон.

Законот, кој беше одобрен од францускиот сенат минатата седмица, бара постојните и новите паркинзи со простор за најмалку 80 возила да бидат покриени со соларни панели. Сопствениците на паркиралиштата со 80-400 места имаат рок од пет години да постават соларни панели, додека оние со над 400 места имаат само три години.

Според законот, барем половина од просторот мора да биде покриен со соларни панели. Француската Влада проценува дека оваа мерка би можела да доведе до производство на 11 гигавати енергија, што е колку 10 нуклеарни реактори.

Француските политичари размислуваат и за предлози за изградба на големи соларни фарми на празното земјиште покрај автопатите и пругите, како и на земјоделско земјиште. Владата ја почна и кампањата „Секој гест игра улога“, поттикнувајќи ги жителите и бизнисите да ја намалат потрошувачката на енергија, а светлата на Ајфеловата кула се гасат еден час порано од претходно.

Владата планира да потроши 45 милијарди евра на заштита на домаќинствата и компаниите од големиот раст на цените за енергија.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија