X
 02.01.2017 Култура

Која серија е најпреземана од пиратските страни?

Бројот на лицата кои ја презеле бесплатно серијата „Game of Thrones“од „Torrent“ е сличен како и минатата година, а последната епизода од шестата сезона е најмногу пати преземена. Околу 350.000 луѓе активно ја споделиле епизодата на „The Winds of Winter“ веднаш по емитувањето на почетокот од оваа година. На второ место е серијата „Тhe Walking Dead“, а на трето место „Westworld“.


Game of Thrones

„TorrentFreak“ укажува на тоа дека се забележани значајни промени во симнувањето на високо квалитетни снимки кај многу пиратски страници. Така во последните години поголема заинтересираност постои за копирање на видеата со резолуција од 720p и 1080p наместо од 480p, благодарение на подобрата достапност на интернетот.

Следната сезона на „Game of Thrones“ нема да биде премиерно прикажана во април или мај 2017 година, како што фановите беа од претходно навикнати на таа динамика. Раководителите на „HBO“ претходно истакнале дека ќе мора подолго време да се чека за седмата сезона. Објавено е дека ќе има уште 2 сезони на оваа сeрија кои нема да бидат долги како претходните.


Топ 10 серии кои беа најмногу преземани на пиратските страници:

1. „Game of Thrones“
2. „The Walking Dead“
3. „Westworld“
4. „The Flash“
5. „Arrow“
6. „The Big Bang Theory“
7. „Vikings“
8. „Lucifer“
9. „Suits“
10. „The Grand Tou“Save
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура