X
 14.11.2019 Култура

Серии што ќе ја одбележат 2020 година

Единственото нешто што не недостига на телевизија се добрите серии. Всушност, има премногу добри серии, па едноставно немаме време да им ги изгледаме сите.

Добри серии ќе има и наредната година, а земајќи предвид дека доаѓаат стриминг-каналите како „Дизни+“, „Епл ТВ+“, „Ејч-би-макс“, ќе мора да се подготвиме за одлични серии.

Сериите во продолжение се само мал дел од она што ќе се појави.

„Star Trek: Picard



Враќањето на Патрик Стујарт во неговата највпечатлива улога веројатно ќе ве развесели. Дејството на серијата е 20 години по последното појавување на Пикард во филмот „Ѕвездени патеки: Немезис“.

„Falcon and the Winter Soldier“


falcon

Ентони Меки и Себастијан Стен ќе добијат сопствена серија што ќе може да се гледа на каналот „Дизни+“. Силата на серијата секако ќе ја дадат двајцата главни актери, а постои можност да се појави и Капетан Америка. За жал, тоа е сè што е познато.

„The Stand“

2

Романот на Стивен Кинг веќе доживеа една екранизација во 1994 година кога Мик Гарис сними мини-серија од четири дела со голем буџет. Овој пат зад серијата стои „Си-би-ес Ол Аксес“.

„The Outsider“



Никогаш доста од Стивен Кинг, а ова е уште една серија според неговиот роман. Сè почнува со мистериозно убиство. Наставникот и тренер на бејзбол-тимот е уапсен поради убиство на 11-годишно дете. Но, истрагата брзо ја менува насоката и станува лов на чудовиште кое ги тера луѓето да убиваат за него.

„Snowpiercer“




Откако Земјата претрпела климатска катастрофа, сите преживеани луѓе се возат во „Сноупирсер“, голем воз кој постојано вози во круг за да избегне замрзнување. Во предниот дел е сместена елитата, а на крајот, во тешки услови, едвај преживуваат сиромашните. Како што можете да претпоставите, тоа ќе стане проблем.

„Mrs.America“

amerika

Ова е прв ТВ-проект на Кејт Бланшет, а дејството се случува во 70-тите години и го следи животот на конзервативната активистка и адвокатка Филип Шлафи, која поддржувала антифеминизам, била против абортусот и се борела против уставните одредби што гарантираат еднакви права за сите граѓани, без оглед на полот.

Освен овие важни теми, серијата може да се пофали и со силна актерска екипа, па покрај Бланшет ќе глумат и Роуз Брн, Сара Полсон, Узо Адуб и Елизабет Бенкс.

„Invincible“

6

Авторот Роберт Киркман се прослави со својот стрип „Живи мртовци“, кој беше темел за една од најуспешните серии на сите времиња. Но, неговиот стрип „Invinsible“ исто така го заслужува нашето внимание.

Станува збор за светот на суперјунак и негативец, а серијата го следи Марк Грејсон, тинејџер кој открива дека има неверојатна моќ, исто како и неговиот татко. Во серијата ќе глумат Џ. К. Симонс, Сандра О, Марк Хамил, Сет Роџен и Џилијан Џејкобс.

„The Haunting of Bly Manor“




Сите што го погледнале „The Haunting of Hill House“ знаат дека Мајк Фланаган е одличен режисер за хорор-филм, а серијата беше еден од најдобрите додатоци на „Нетфликс“.

Иако би можеле да речеме дека не е нова серија, туку нова сезона, факт е дека станува збор за таканаречена „антологиска серија“ што целосно се менува од сезона во сезона.

„Y“

y

Новата серија е базирана на стрипот „Y: The Last Man“, а го следи човекот кој поради некоја причина е единствениот преживеан маж во свет во кој владеат жените.

„Avenue 5“

4

Хумористична серија чие дејство е сместено во иднината и ги следи авантурите на вселенскиот крузер чиј капетан е Хју Лори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура