X
 26.01.2017 Култура

Науката во фокусот на „Ноќ на идеите во Скопје“

Еминентниот француски професор и научник Жил Беф ќе биде гостин на втората „Ноќ на идеите во Скопје“, што ќе се одржи вечерва (четврток) од 19 часот во ЕУ инфо центарот. Настанот го организира Францускиот институт во Скопје, а темата ќе биде „Улогата на науката денес“.



Жил Беф е професор на универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во Париз и на Колеж де Франс и експерт по физиологија на животната средина и биодиверзитет. Со свое излагање ќе настапи и Јордан Шишовски, доцент на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.

Науката долго време се сметаше за носител на напредокот на човештвото. Со индустриската револуција и глобалното затоплување, научниците денес се соочуваат со нови предизвици. Како научните истражувања можат да одговорат на овие прeдизвици? Како да се зацврсти нивната улога? Во кои сфери науката има најголема иднина? Ова се прашањата на кои ќе дебатираат двајца еминентни гости. Настанот е со симултан превод.

Францускиот институт ќе организира уште неколку такви предавања во текот на годината.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура