Денес е петок, 3 февруари 2017 година, 34-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:39, а ќе зајде во 16:55 часот. Денот ќе трае 10 часа и 16
минути.
Македонија ова утро се наоѓа под магла, впрочем тоа и вчера го
најавивме. Појава на густа магла има речиси насекаде со видливост до 50
метри, затоа бидете многу внимателни доколку патувате некаде бидејќи
магла ќе имаме и во претпладневните часови.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските и претпладневните часови појава на магла,
додека попладне ќе преовладува умерено облачно со повремени сончеви
периоди, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен југозападен и јужен
ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Температурите ќе
бидат во пораст, утринските температури од -3 до 3 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови магловито и
студено време. Попладне со услови за повремени и кратки сончеви периоди
и ветровито. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 а
дневната до 7 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота и недела умерено облачно време со
повремени сончеви периоди и топло со температури кои ќе бидат над
просекот за овој период од годината. Во сабота услови за врнежи од дожд
ќе има во крајните југозападни и западни предели, додека пак во недела
во западни и северозападните како и во крајните источни предели. Во
сабота утринските температури од -2 до 3 степени, додека пак
максималните дневни температури од 5 до 14 степени, а во недела
минималните од -1 до 4 степени, додека пак дневните од 6 до 15 степени.
Во понеделник и вторник облачно со поинтензивни врнежи од дожд и топло
време, локално се очекуваат да наврнат и над 25 литри дожд, а на
планините над 1600 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Утринските
температури од 0 до 5, односно од 0 до 6 степени, додека пак
максималните дневни од 4 до 13 во понеделник и од 3 до 11 степени во
вторник.
Weather4all.com.mk