X
 25.04.2017 Живот

Временска прогноза за наредните пет дена

Денес е вторник, 25 април 2017 година, 115-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:34, а ќе зајде во 16:28 часот. Денот ќе трае 13 часа и 54 минути.

И ова утро во Македонија имаме пониски утрински температури кои се под просечните за овој период од годината. Речиси насекаде имаме имаме ведро и сончево време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево и потопло време со повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 24 степени, иако утрото е доста свежо да кажеме со пониски утрински температури од -1 односно 8 степени. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигнува брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури од 12 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 22 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда и четврток ќе продолжи сончевото и топло време со надпросечни температури за овој период од годината. Утринските температури од 1 до 9 односно до 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 14 до 26 степени во среда, односно од 17 до 27 степени во четврток. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачност и ќе преовладува умерено облачно време и благо опаѓање на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 15 до 27 степени, а во доцните попладневни и во вечерните часови во северозападните предели со услови за слаб дожд. Во сабота дестабилизација на времето, се очекува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд како и пад на дневните температури кои ќе достигнат до 10 односно до 22 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда и четврток сончево и топло време со дневна температура до 24 односно до 27 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди ималку посвежо време со максимални 25 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со услови за локални врнежи од дожд, утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот