X
 01.03.2017 Живот

Временска прогноза за наредните денови: Температури до 20 степени

Денес е среда, 1 март 2017 година, 60-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 22 минути.

Првото утро во март ни носи умерено облачно време со сончеви периоди, надпросечно топло и ветровито време. Повеќе сончеви периоди претпладне ќе има во источната половина, додека пак во Гевгелиско-Валандовскиот регион имаме појава на магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито, попладне под влијание на поле на низок воздушен притисок родор на влажна воздушна маса од север која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд проследени со засилен ветер. Ќе дува доумерен засилен југозападен и јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и топло. Попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд. Утринската температура од 5 степени, доека пак максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови стабилизација на времето, Македонија ќе биде под влијание на антиклонска циркулација која што ќе услови претежно сончево и надпросечно топло време. Во четврток и петок не очекува посвежо утро со утрински температури од -1 до 5 односно од -2 до 5, во текот на денот ќе биде сончево и топло со максимални температури од 7 до 17 односно од 8 до 18 степени. Сончево и топло време се очекува и во сабота кога дневните температури ќе достигнат до 11 односно до 20 степени. Во недела пртежно сончево со локална облачност и топло време и идентични дневни температури кои ќе се движат од 12 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот