X
 10.02.2017 Живот

Спортски предизвик за најдобрите!

Спортските настани се секогаш главна тема кај љубителите на спортот, а нешто за кое што дефинитивно ќе се зборува се два несекојдневни настани кои се спој на забава, спорт и фер правила.



Викендов ни претстои уникатна забава и спортско другарување со едни од најдобрите млади македонски фудбалери и фудбалски клубови. Со почеток во 12 часот оваа сабота (11.02.2017) на плоштадот во Тетово ќе се оддржи награден предизвик помеѓу ФК Тетекс Тетово, ФК Шкендија и ФК Гостивари, а со почеток во 13 часот и 30 минути, во недела (12.02.2017) во Скопје Сити Мол фудбалерите на ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Ѓорче Петров и ЖФК Драгонс ќе си ги одмерат силите и издржливоста во натпревар за најдолго жонглирање. Учесниците ќе бидат на возраст до 14 години.

Некои фудбалери се родени да имаат целосна контрола над играта, па затоа и најдобрите клубови на крајот ќе бидат наградени со Адидас копачки, фудбали, патики и шишенца.


Настан во Тетово
Локација: Sport Vision Тетово, Маршал Тито 1, Тетово (на плоштадот)
Датум: 11.02.2017 (сабота)
Време: 12:00 – 15:00 ч.

Настан во Скопје
Локација: Sport Vision, Skopje City Mall
Датум: 12.02.2017 (недела)
Време: 13:30 – 16:30 ч.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот