Денес е понеделник, 27 февруари 2017 година, 58-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:07, а ќе зајде во 17:25 часот. Денот ќе трае 11
часа и 17 минути.
Првиот ден од новата работна недела го започнуваме со облачно и топло
утро, а по одделни котлини имаме и појава на магла, особено во
Гевгелиско -Валандовскиот регион каде видливоста е до 100 метри.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови не очекува појава на магла која што
некаде ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Претпладне
постепено намалување на маглата и облачноста па попладне ќе имаме
умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Ќе дува
доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од
2 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат
до 10 односно до 17 степени.
СКОПЈЕ - Во утринските часови топло и појава на слаба магла. Во текот на
денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло
време. Ќе дува доумерен слаб јужен ветер. Утринската температура од 5
степени, додека пак максималната дневна до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник умерено облачно време со повремени
сончеви периоди и топло време. Минималните температури идентични како и
денешните од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури
ќе се движат во интервал од 13 до 20 степени. Во среда умерено облачно
време со повремени сончеви периоди, но и со услови за слаби и локални
врнежи од дожд. Утринските температури во опаѓање и ќе се движат од 0 до
7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до
18 степени. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и
топло време. Во чеврток утринските температури од -3 до 4 а дневните од
11 до 18, а во петок минималните од -2 до 5, а максималните од 12 до 19
степени.
Weather4all.com.mk