Голем напредок во прогнозирањето на времето се случи кога се појавија суперкомпјутерите во 50-тите години на минатиот век. Првиот компјутерски модел бил значително поедноставен од оние што ги користиме денес и можел да предвиди само една варијабла на мрежа што покривала 750 километри.
Работата што ја извршувале некогаш суперкомпјутерите создаде пат за модерното прогнозирање на времето, само што моделите денес се значително покомплексни и можат да предвидат многу повеќе варијабли.
Современата временска прогноза се состои од многубројни симулации на временски модел. Метеоролошките центри најчесто користат глобален модел со шема од 10 километри, која потоа се префрла на модел на повисока резолуција и се спроведува над одредена локална област.
За да сфатите колку времето може да биде непредвидливо, многу метеоролошки центри спроведуваат неколку паралелни временски прогнози. На секоја од нив извршуваат мали промени во однос на оригиналната верзија. Овие мали промени се зголемуваат за време на прогнозата и затоа експертите можат да дадат процена колкави се шансите нешто да се случи - на пр., шансите да заврне дожд.
Иднината на временската прогноза
Модерните компјутери се во состојба да извршат билиони калкулации во секунда. Тоа значи дека имаме моќ да активираме модели во поголеми резолуции што можат да користат повеќе варијабли на прогноза. Ова доведува до зголемување на прецизноста на временските прогнози.
Прецизноста на петдневната прогноза денес може да се спореди со тридневната од пред 20 години, а секоја деценија добиваме уште еден ден. Доаѓањето на побрзите компјутери ќе доведе до уште поголема прецизност и така дополнително ќе се подобри нашата способност да предвидиме какво време нѐ очекува во иднина.
Дали временската прогноза некогаш ќе биде 100 отсто точна?
Накратко, постојат 200,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000 молекули во атмосферата што се движат - речиси е незамисливо да се претстават сите.
Хаотичната природа на времето значи дека секој наш обид за донесување претпоставки за тоа што се случува со него со себе носи потенцијал за грешка. Напредокот на технологијата ќе ни овозможи да донесуваме пореални
претпоставки, но секогаш ќе постои модел што ќе бара да донесеме одредени претпоставки.