Иако денес постојат илјадници паметни телефони со уште поголем број апликации, сепак „HMD Global“ одлучи повторно да го врати Нокиа 3310 на пазарот, меѓу многуте паметни телефони.
И додека телефонот не дојде во ваши раце, сигурно се прашувате какви функции ќе понуди овој нов модел. Еве што се (не)можете да направите со овој мобилен телефон.
Што можете да направите:
- Телефонски повици - понекогаш забораваме дека паметните телефони исто така се и телефони кои можеме да ги користиме за јавување. „HMD“ тврди дека батеријата на новиот 3310 нуди 22 часа активно користење и 744 часа (скоро месец) на стенд-бај.
- Да испраќа и прима пораки.
- Фотографии и видеа - Наводно, телефонот ќе има одлична камера (2 мегапиксели и ЛЕД флеш). Не очекувајте да го користите 3310 како замена за камерата како што тоа го правите со паметните телефони.
- Да слушате радио.
- Да слушате сопствена музика - 3310 има вграден MP3 плеер, па можете да купите мемориска картичка и да ја додадете вашат музичка библиотека. Телефонот ќе има обични слушалки со 3 милиметри отвор и wireless преку Bluetooth 3.0. Батеријата би требало да трае 51 час додека пуштате музика.
- Да го проверите календарот.
- Да поставувате аларм за будење.
- Да пишувате белешки и да оставате говорни пораки.
- Користење на калкулатор.
- Времето во вашиот град.
- Играње игри - има неколку игри инсталирани на
телефонот, вклучувајќи ја и новата верзија на „Змија“.
- Пребарување на интернетот - 3310 доаѓа со верзија од „Opera“ пребарувачот кој е многу бавен бидејќи може да поддржи 2.5 гигабајти мобилна мрежа.
Што не можете да правите:
- Да пишувате пораки брзо и удобно - подгответе се себеси
да се вратите во времето кога за една СМС порака ни беа потребни десетина минути.
- GPS навигација - или било што што е поврзано со GPS.
- Социјални мрежи - Ако се обидувате да се откажите од социјалните мрежи, ова е совршен телефон.
- Чет - Не можете да инсталирате никаква модерна апликација за пораки, па заборавете на „WhatsApp“, „Telegram“, „Snapchat“, итн.