X
 21.04.2020 Технологија

Апликација за поврзување на луѓето што се во изолација поради коронавирусот

Нова апликација има цел да ја намали осаменоста кај лицата што се во изолација или карантин поради ширењето на коронавирусот.

Карантинчет“ е гласовна апликација со која корисниците може да разговараат со други луѓе низ светот што се затворени во домовите. Корисниците не треба да ги имаат телефонските броеви на другите корисници за да се поврзат со нив. Креатори на апликацијата се уметниците Даниел Баскин и Макс Хокинс.

За да ја користите апликацијата, треба да ја имате апликацијата „Дајалап“, која ве поврзува со луѓето со кои сакате да останете во контакт. Потоа корисниците се поврзуваат со друг корисник по случаен избор.


Фото: Pixabay

Според креаторите, апликацијата треба да им ја разубави новата реалност на милиони луѓе низ светот што се изолираат и ќе останат изолирани во следните недели. Тие веруваат дека апликацијата може да има поволности за менталното здравје на оние што не можат да го напуштат својот дом и се под стрес како резултат на ситуацијата.

Моментално апликацијата ја користат околу 70 луѓе, а може да има до 20.000 корисници.

Автор: Челси Ричел
Извор: independent.co.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија