Овен
Работа - До крајот на првата половина на март, Марс ќе престојува во вашето поле на личноста. Овој период треба да го искористите за лична иницијатива како и за проширување на вашата соработка како и да отворите нови, долгорочни проекти. Со влегувањето на Марс во Бик, еден дел од вашата ситуација станува нестабилна, статична, а може да наидете и на препреки.
Љубов - Доколку сте во врска, потребна ви е поголема слобода во односот - нешто што партнерот моментално не може и не сака да го сфати. Тоа не значи дека ќе флертувате од страна ниту пак дека ќе го користите слободното време за да лудувате туку едноставно, доволна ви е преокупацијата со личните проблеми и проблемите на работа, па не сакате и вашиот партнер постојано да ве оптеретува.
Здравје - Ќе бидете под стрес.
Бик
Работа - Ќе морате да решите многу работи од минатото, да излезете на крај со запоставените обврски, да направите различни договори со постоечките соработници, бидејќи станувате свесни дека моменталните не даваат вистински резултати. Имате чувство дека работите започнуваат да се менуваат веќе во втората половина на март.
Љубов - Венера, планетата која владее со вашиот знак, започнува со ретроградното движење на почетокот на месецот. Оние Бикови кои имаат партнер, ќе се обидат да го надоместат пропуштеното кога станува збор за нивните партнери, па ќе се потрудат да ја подобрат нивната блискост, разбирање, па и страс. Проблемите во односите дефинитивно ќе бидат присутни, бидејќи вашиот партнер ќе биде склон своите интереси да ги стави на прво место.
Здравје - Здравствениот сегмент во текот на март ви е доста променлив. Очекувајте и пад на имунитетот.
Близнаци
Работа - Првиот дел од месецот ќе биде нешто потивок на работен план, и веројатно овој период ќе го искористите за подготовка и планирање на идните чекори. Од вториот дел на март веќе навлегувате во сериозни акции, а темпото на случувања ќе биде брз и ќе биде во ваша корист. Некои од вас ќе сакаат да се обидат со друга работа.
Љубов - Односот со саканата личност во текот на месец март ќе биде на работ, а она што ви е навистина важно, доколку планирате да ја одржувате постоечката врска, е да се обидете да ги решите проблемите. Доколку сте слободни, ситуацијата ќе биде доста шарена. Некои од вас ќе се обидат да реализираат контакт со поранешните партнери.
Здравје - Проблеми со стомакот.
Рак
Работа - Во текот на целиот месец вашето поле на кариера ќе биде особено нагласено со транзитот на планетите. Бидејќи и Венера е ретроградна, особено внимание треба да обрнете на финансискиот сегмент, кој ќе биде доста променлив, каде морате да бидете доста внимателни кога станува збор за било какви инвестиции.
Љубов - Пред Раковите претстои прилично стабилен месец кога станува збор за нивните емотивни партнерства. Саканата личност и вие ќе имате помалку расправии, ќе доживеете обострано задоволство и ќе добиете безусловна поддршка. Доколку сте слободни, март донесува можности за два силни емотивни контакти.
Здравје - Избегнувајте подолг престој дома.
Лав
Работа - Работната ситуација во текот на март ќе биде прилично стабилна. Првиот дел од месецот веројатно ќе го поминете како заспани, ни сами не знаејќи што и како да направите за да ја подобрите вашата ситуација. Малку ќе мрднете во текот на втората половина, кога ќе има малку подобрување. Ако имате аспирации кон странство, постои реална можност да реализирате доста голем проект.
Љубов - До почетокот на пролетта вашиот емотивен однос ќе биде се` само не стабилен и добар. Саканата личност и вие тешко ќе пронаоѓате заеднички јазик, а ќе имате обичај да се повлечете и замолчите и да го оставите партнеот да размислува со што ве повредил и навредил. Едноставно, нема да бидете свои. Со преминувањето на владетелот сонцето во знакот на Овен, ќе се промени и атмосферата во емотивните релации.
Здравје - Намалено ниво на енергија и пад на имунитетот.
Девица
Работа - Работните договори, партнерствата и соработките може да поминат низ период на преиспитување. Јасно е дека ќе биде потребно да воведите промени за да продолжите со заедничка соработка, па потрудете се да бидете спремни за компромисни решенија. Доколку цврсто инсистирате на вашите ставови, може да дојде до сериозни проблеми.
Љубов - Во првиот дел на месецот ќе има статичност во вашите емотивни релации. Партнерот и вие ќе функционирате доста коректно, но секој од вас ќе биде преокупиран со свои работни или финансиски планови и воглавно заедничкото време ќе го поминувате премногу монотоно. За слободните, во третиот дел од месецот може да се заљубат на еден бурен начин.
Здравје - Енергетската сила на вашиот организам ќе биде променлива.
Вага
Работа - Март ќе биде прилично напорен месец - ретроградниот Јупитер ќе биде во вашиот знак, па желбите и очекувањата се големи, преголеми, а вие не успевате никако да бидете задоволни. Над сето ова, тешко успевате да се вклопите со другите, бидејќи моментално имате повеќе енергија од другите, поголема волја и способност и никој не може да го следи вашето темпо.
Љубов - Во вашите емотивни односи потребно е да вложите повеќе труд од вообичаено. Ова не важи само за вас, туку и за вашиот емотивен партнер, бидејќи се гледа дека и двајцата се повлекувате во себе. Владетелот на вашиот знак оди назад во вашето поле на сериозни емотивни партнерства што значи дека многу чувства од минатото повторно ќе излезат на површина.
Здравје - Откажете се од некои лоши навики и жестокото животно темпо.
Шкорпија
Работа - Искрено кажано, вие сметате дека кога станува збор за работниот сегмент, вие заслужувате многу повеќе. Повторно гледате дека воглавно сето тоа останува само на вашите желби, а во реалноста морате да работите од утро до мрак и постојано да брзате, а тоа воопшто не ви се допаѓа.
Љубов - Во текот на првата половина од месецот во вашиот емотивен живот ќе имат нормална ситуација, а после тоа влегувате во фаза - „ниту едниот со другиот, ниту едниот без другиот“. Она што ви е неопходно е барем да се обидете да одржувате нормален однос, да функционирате барем по некои основни прашања и да најдете време за заеднички моменти.
Здравје - Проблеми со притисокот, синусите и крвните садови.
Стрелец
Работа - Во првиот дел од месецот сето она што е поврзано со работните партнерства и соработничките односи ќе бидат присутни и тешките и комплицирани околности, а можно е да не успеете да пронајдете заеднички јазик со луѓето кои ви се важни. Недоразбирања, конфузии и застој во веќе започнатите проекти - подгответе ги вашите нерви и вашето трпение.
Љубов - Во првиот дел од месецот во вашите емотивни релации може да има сериозни и проблематични проблеми. Сакната личност и вие нема да се разбирате, и двајцата ќе бидете склони кон цврсто држење на вашата страна и непопуштање. Во вториот дел од месецот може да дојде до подобрување на односот, поголема усогласеност и обид повторно да ги вратите емоциите во врската.
Здравје - Генерално, променлива здравствена состојба.
Јарец
Работа - Јупитер се наоѓа во полето на кариерата, а владетелот на ова поле, планетата Венера тргнува низ знакот на Овен. Иако ќе сметате дека сега е вистинскиот момент да направите некакви промени, сето тоа не функционира на начин на кој вие би сакале. Можеби сега е вистински момент себеси да се насочите на друга страна - проширување на работните договори, завршување на недовршената работа и слично.
Љубов - И покрај генерално комплицираните ситуации во вашите семејни и емотивни релации, сепак вие и вашиот партнер максимално ќе се потрудите да одржувате коректен однос. Ова не значи дека ќе ви цветаат ружи и дека ќе има премногу љубов, меѓутоа нема да дозволите ситници да ја уништат атмосферата и моментите.
Здравје - Ќе се соочите со вирусна инфекција.
Водолија
Работа - Венера оди ретроградно низ вашето поле на комуникација, договори, кратки патувања во текот на цел месец мат, па во овој сегмент ќе морате повеќе да вложите во себе и да се потрудите се` да завршите навреме, квалитетно, како и досега. Извесно е дека некои ситуации ќе морате да ги повторите и да се вратите на она што не сте го завршиле.
Љубов - Во првиот дел од месецот на памет ќе ви бидат работата и финансиската ситуација, па нема да имате многу време и посветеност кон вашата сакана личност. Во втората половина од март, вие и вашиот партнер ќе функционирате многу подобро - некако ќе се најдете на истата бранова должина, лесно ќе се усогласувате, лесно ќе се договорате и ова за вас двајца ќе биде убав период исполнет со животни задоволства.
Здравје - Одлично!
Риби
Работа - Нагласеното поле на личност во текот на првиот дел од месецот ви оди во прилог, па потрудете се во овој период да направите се` што е во ваша моќ. Полето на работа е прикажано како доста активно, што вели дека Рибите ќе успеат да се изборат за некои позиции или проекти кои долго време ги посакуваат.
Љубов - Во првиот дел од месецот кај вас е особено нагласена емотивноста и потребата вашите емотивни релации да бидат стабилни и да се чувствувате сигурно, заштитено и сакано. Партнерот на свој начин ќе се обиде сам да ви излезе во пресрет и да ви го овозможи вниманието кое го заслужувате.
Здравје - Започнете да размислувате за промените во животните навики.