X
 01.12.2016 Живот

Месечен хороскоп за декемврри 2016 година

Што ѕвездите подготвиле за вас овој месец?

 

1

 

Овен


Работа
- Декември ќе биде месец во кој сите вие кои работите ќе ги надминете очекувањата за бизнис планот и да реализирате одлични и работни и финансиски резултати. Во наредните 30-тина дена ќе добиете поддршка од позитивната енергија на планетите кои се распоредени во голем број околу и во вашето поле на кариера. Во последните неколку недели од декември, кога сонцето ќе влезе во Јарец, ќе достигнете најдобри резултати оваа година.

Љубов - И покрај ангажираноста на работа, Овновите кои се во брак и оние кои се во партнерска врска, ќе пронајдат доволно енергија и време за својот партнер и семејството. Взаемните емоции, разбирањето и семејната хармонија ќе делуваат стимулативно и ќе ви помогнат полесно да се изборите со секојдневните обврски и предизвици. За слободните, вашето срце ќе го освои Стрелец, Водолија, Вага или Близнаци.

Здравје -
За повеќето Овнови здравствената ситуација е одлична се' до 19 декември.

Бик

Работа
- Во текот на декември, повеќето планети се распоредени на горната половина на хороскопот со што ќе се подобри вашата работна позиција и вашата кариера. За ваше успешно работење во овој период од посебно значење е ширењето на контактите и склопувањето на кооперативни односи со бизнис партнерите. Држете се до конкретните договори и традиционалниот начин на работење.

Љубов - Биковите кои се во брак или друга врска, во текот на декември ќе имаат убав и хармоничен период со својот партнер. Позитивната аспектирана планета Плутон, која е владетел на вашето поле за брак, ќе ја поддржи страсната и емотивната страна на вашиот однос. Марс е во знакот на Водолија, а со тоа ќе биде нагласена вашата потреба и потребата на вашиот партнер за друштво и веселба.

Здравје - Вашата општа здравствена состојба ќе биде далеку постабилна во последната седмица на декември.

Близнаци

Работа
- Кон крајот на годината, некои Близнаци ќе прослават, бидејќи тоа што го постигнале во турбулентната 2016 е навистина за пофалба. Во првата половина на декември ќе имате бурен распоред бидејќи ќе ве турка динамиката на работата. Одлично ќе се снајдете во гужвата и бројните барања на работа. Ќе имате впечаток дека жонглирате за да ја стабилизирате финансиската ситуација.

Љубов - Транзитната Венера во знакот на Водолија од 7 декември ќе ве поттикне на активности и богат социјален живот. Ќе бидете неуморни и ќе ги прифатите сите покани од пријателите и роднините за забави, прослави и ноќни излегувања. Во овој период полни сте со енергија, а вашето либидо е нагласено. Ако сте слободни, тогаш ве очекува предизвикувачки месец полн со страсти и изненадувања.

Здравје - Потребно е да направите детоксикација на организмот. За женските припаднички можно е овој период да останат бремени.

Рак

Работа -
Месец декември ќе ви помине набрзина и доста работно, со преговори, планови и секојдневни работни обврски. Вашата работа ќе биде двојно поголема, а со тоа и вашата заработувачка, особено во периодот до 21 декември, додека трае влијанието на Сонцето во знакот на Стрелеци и во вашето поле. Но, самиот почеток на месецот ќе биде малку нестабилен кога станува збор за финансиите, така што ќе имате периоди на неочекувана заработка, но и периоди на изненадни трошоци.

Љубов - Вашата брачна или партнерска заедница во декември ќе биде полна со секојдневни обврски и радосни моменти. Ќе сакате да му удоволите на партнерот и семејството, така што ќе правите се' што ќе побараат и ќе бидете подготвени да учествувате и во работи во кои можеби и не уживате толку. Ќе одите во шопинг, на прослави и ќе водите интензивен социјален живот. Партнерот ќе ви биде благодарен и за возврат ќе ви го подари неговото/нејзиното внимание.

Здравје - Вашата општа здравствена состојба ќе биде добра, а во последниот дел од месецот ќе биде добро да обрнете повеќе внимание на исхраната.

Лав

Работа
- Вашиот бизнис во текот на декември нема да има многу добри финансиски резултати, и нема да помине како планираното. Во овој период, сконцентрирајте ги вашите сили на поврзување со партнери од вашиот сектор. Последните недели од декември не се поволни за крупни инвестиции и трансакции, па овој период искористете го за планирање на идните работни стратегии.

Љубов - Односите во љубовната врска може да станат комплицирани доколку неконтролирано ги трошите парите. Потребно е да обрнете внимание на домашниот буџет, бидејќи планетата на вашите финансии, Меркур, од 3 декември е во знакот на Јарец со што финансиите ќе бидат ограничени. Без оглед на ситните расправии со вашиот партнер, сексуалниот дел од животот ќе функционира добро.

Здравје -
Потребна ви е масажа за опуштање на мускулите.

Девица

Работа -
Пред вас е доста успешен период, посебно од 7 декември кога планетата на вашите финансии, Венера, ќе влезе во вашето поле на работа. Од ваш интерес е овој месец да започнете да ги реализирате вашите креативни идеи и да започнете да ја ширите мрежата на контакти и маркетинг. Со оглед на тоа што ова е особено креативен период за вас, можете да се впуштите во ризични проекти.

Љубов - После бројни месеци хаос вашиот брачен и партнерски однос се поправи. Планетата Нептун, која е задолжена за квалитетот на вашиот живот ќе се погрижи да имате убави моменти со вашето семејство. За сите слободни, празничниот декември ќе внесе динамика во животот и поголема потреба слободното време да го поминете со пријателите. Многу Девици сакаат да си играат и да флертуваат и ќе наидат на една интересна личност.

Здравје - Сезонски грип, бронхитис или настинка.

Вага

Работа -
Како и повеќето приватници, декември ќе биде динамичен и работен месец. Вагите кои работат добро ќе се снајдат во морето обврски и ќе успеат да го зголемат својот капитал. Значајна поддршка ќе има Јупитер во вашиот знак како и добрата поставеност на планетите во вашето поле на работа со што ќе ви се овозможи со леснотија и брзина да ги извршувате секојдневните работи.

Љубов
- Се' до 19 декември, додека планетата Марс е во вашето поле на љубовта и во знакот Водолија, вашиот брачен живот ќе биде непредвидлив и динамичен. Вашиот партнер ќе има чудни барања и ќе има лошо расположение, а вие ќе треба да ја стабилизирате ситуацијата. За слободните следи уживање во флертот и кратката авантура базирана на чисто сексуална привлечност.

Здравје - Нема некои посериозни здравствени потешкотии.

Шкорпија


Работа - Пред вас е работен месец полн со обврски во кој со доста напор, ентузијазам и упорност ќе успеете да ги реализирате планираните цели и успешно ќе ја завршите годината. Сонцето и планетата Јупитер во вашето второ поле на парите, ќе ви донесат одлични финансиски резултати, можеби и најдобри за оваа година. Последниот период од декември ќе започнете да работите на нов проект кој ќе ви го отвори патот за нови успеси.

Љубов - Во овој период Шкорпиите многу повеќе внимание и време ќе одделат за членовите на своето семејство и партнерот, а на второ место ќе му бидат работата и кариерата. Оваа промена позитивно ќе влијае врз вашиот взаемен емотивен однос, кој од ден во ден ќе стане се' подобар и потопол. Слободните Шкорпии ќе се заљубат во неочекувана личност.

Здравје - Одлична стабилност и одлично физичко и ментално здравје.

Стрелец

Работа -
Среќен роденден и многу здравје, љубов и успех во следната соларна година. Со оглед на тоа што Сонцето е во вашиот знак, извесно е дека ќе бидете полни со ентузијазам и енергија. Концентрирајте се и вие и вашата сила да пронајдете практични решенија за секоја ситуација. Во овој период добро би било да ги проширите круговите на соработници и да обрнете внимание на комуникацијата со клиентите.

Љубов - Овој месец ќе бидете посамоуверени, полни со шарм и оптимизам. Ќе пронајдете позитивни работи во секоја ситница, а моментите со партнерот и членовите на семејството ќе бидат исполнети со љубов. За оние слободните, до 19 декември вашата планета на љубовни односи, Марс, е во знакот на Водолија, така што овој период ќе биде особено добар и друштвен и полн со изненадувања и возбудувања.

Здравје - Бидете внимателни во сообраќајот.

Јарец

Работа
- Транзитните планети се поместуваат кон вашиот знак и источната страна на хороскопот поддржувајќи ја вашата личност со својата енергија. Пред вас е голема борба со конкуренцијата, со која ќе излезете на крај, во последниот дел од месецот. Планетата Венера од 7 декември ќе биде во вашето поле на финансии, што ќе ви обезбеди далеку подобра и посигурна заработка овој месец.

Љубов - За брачните Јарци и оние кои се во врска, декември ќе биде во согласност и разбирање со партнерот. И двајцата ќе бидете дружељубиви и со задоволство ќе се гледате со пријателите и роднините на прославите и забавите. Доколку овој месец имате роденден, ќе се потрудите да ги угостите и да приготвите богата трпеза за семејството и пријателите.

Здравје - Спортувајте.

Водолија

Работа -
Во декември, финансиската ситуација постепено ќе се стабилизира за вас Водолиите кои сте во приватните „води“. Во вашиот знак се две планети, Меркур и Венера, кои ќе влезат во вашиот знак на 7 декември, така што ќе имате поддршка од планетата за просперитет на вашиот бизнис. Ќе добиете самодоверба и поголема иницијативна енергија за нови работи.

Љубов - Ве очекува динамичен и друштвен период, особено за оние Водолии кои се во брак или друга врска. Односот со партнерот ќе ви биде хармоничен и двајцата наоѓаате задоволство околу подготовките и шопингот за празниците. Нема да ги заборавите ниту оние најстарите и осамените членови на семејството и пријателите и ќе им приредите радост.

Здравје - Можни се кошмари и несоница.

Риби

Работа - Ве очекува доста просперитетен месец, бидејќи присуството на Сонцето во полето на вашата кариера ќе помогне бизнисот одлично да се развива. Успех ќе постигнете со повеќе бизнис контакти и соработници, како и склопување на доста нови договори и добра маркетиншка стратегија и комуникација. Вашата интуиција во овој период е и тоа како изразена и на неа можете да се потпрете при важни одлуки.

Љубов - За вас и вашиот партнер, празничниот декември ќе внесе доста динамика и обврски во вашиот живот. Интензивниот семеен и друштвен живот може да ви го поремети вашиот мир и однос со партнерот, особено во последната недела на декември, кога планетата на вашите брачни и партнерски односи, Меркур, ќе се движи ретроградно. Веќе од 17 декември ситуацијата ќе стане напната.

Работа - Солидна здравствена ситуација во текот на декември.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот