Стјуардесите мораат да имаат контрола во кабината во секој момент и тоа е најважната работа кога се работи за безбедноста во авионот.
Тие мора да бидат подготвени на се, а за да го постигнат тоа
стјуардесите се обучени да забележуваат многу работи кај патниците. Размилсуваат за можните ситуации кои би се случиле и мерките кои треба да се преземат.
Искусните стјуардеси велат дека прво се обрнува внимание на јазикот на кој зборува патникот и дали со себе има некој весник или списание. Стјуардесата се обидува да го поздрави патникот на неговиот јазик. Ако личноста не зборува англиски, тогаш ќе има потешкотии во разбирањето на командите, па заради тоа можеби не им дозволуваат на тие патници да седнат до излезот, бидејќи ќе не можат да ги прочитаат инструкциите.
Уште една важна работа е дали патникот пиел. Ако
стјуардесите забележат дека патникот може да претставува опасност, тие имаат право и да го исклучат од летот.
Важно им е да забележат дали сте мускулести, бидејќи во случај на опасност потребно е да се подигне рачката која тежи речиси 30 килограми. Освен тоа, ако забележат навистина физички силна личност, стјуардесите го контактираат во случај некој друг патник да создава непријатност, па да е потребно совладување.