X
 14.03.2017 Живот

Момчето кое засадило милиони дрвја за да ја зачува планетата

Феликс Финкбејнер е на мисија. Пред 10 години, на возраст од 9 години, одлучил да се бори против климатските промени така што ќе засади милион стебленца дрвца. Со својата иницијатива „Plant for the planet“ одамно ја надминал таа бројка и станал дел од кампањата на ОН „Милијарда дрвја за планетата“ во чии рамки се засадени преку 14 милијарди стебленца во повеќе од 130 земји.

фото извор: nationalgeographic.com

Приказната започнала кога Феликс, изработувајќи училишна задача, истражувал како климатските промени ги загрозуваат белите мечки, неговите омилени животни. На „Google“ прочитал приказна за активист од Кенија, Вангарија Матајоу, кој во текот на 30 години во Африка засадил над 30 милиони дрвја и освоил нобелова награда во 2014 година. Својата училишна задача, Феликс ја заклучил со план да засади милион стебла во својата држава, Германија. Првото дрво го засадил покрај своето училиште.

Благодарение на медиумското внимание, тој набрзо стигнал и до Европскиот Парламент, а милионитото дрво го засадил на 13 години. Неговиот проект добил стипендија, а Феликс се нашол меѓу 50.000 амбасадори на ОН за климатска правда, воглавно на возраст помеѓу 9 и 12 години.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот